Новиот британски премиер Стармер ѝ се обрати на нацијата, ја истакна својата посветеност на единството и јавната служба

July 5, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Лидерот на Лабуристичката партија, Кир Стармер, официјално ја презеде функцијата премиер на Велика Британија откако беше назначен од кралот Чарлс Трети, а во своето прво обраќање до нацијата од Даунинг стрит ја истакна својата посветеност на единството, јавната служба и новиот почеток, јавува Анадолу.

Стармер му оддаде почит на премиерот во заминување Риши Сунак, пофалувајќи го за неговата пионерска улога како прв британски премиер со азиско потекло, како и за неговата посветеност и напорна работа.

Стармер потоа се осврна на ерозијата на довербата во британската политика, тврдејќи дека таа може да се врати само со дела, а не со зборови.

„Сигурно на сите им е јасно дека на нашата земја ѝ е потребно поголемо ресетирање. Повторно откривање на тоа кои сме ние“, рече Стармер.

Тој ја нагласи потребата политичарите да препознаат кога да го сменат курсот.

Во контекст на социоекономските предизвици со кои се соочуваат Британците, Стармер вети дека неговата влада ќе работи неуморно за да ја врати довербата на јавноста.

„Предолго ги затворавме очите додека милиони паѓаат во поголема неизвесност“, рече Стармер.

Стармер ја увери нацијата дека неговата администрација нема да биде оптоварена со доктрина и особено ќе биде фокусирана на служење на јавниот интерес.

„Без разлика дали сте гласале за лабуристите или не, всушност, особено доколку не сте гласале, јас ви велам отворено дека мојата влада ќе ви служи. Политиката може да биде сила за добро. Ние ќе го покажеме тоа. Ја сменивме Лабуристичката партија, ја вративме во функција и ќе управуваме со државата на прво место, а потоа со партијата“, рече Стармер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Во Грција регистриран првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил

Следно

„Одлуката на Израел да ги ‘легализира’ населбите на окупираниот Западен Брег го прекршува меѓународното право“

Latest from Blog

Општинскиот штаб во Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината

(ВИДЕО) Општинскиот штаб на Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари: Од 1 јули забрани и засилени контроли

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината
Go toTop