Во Германија слават конзервативците

February 24, 2025
1 min read

Германските конзерватицки слават. Рекорден резултат за крајната десница. Коалицијата на конзервативни партии се побеници на предвремените избори во Германија. Со освоени 28.6 од проценти на гласовите, Фридрих Мерц го доби мандатот да ја формира новата германска влада.

69 годишниот Мерц, досега никогаш не бил министер, но вети дека ако стане следниот германски канцелар ќе покаже лидерство во Европа и ќе ја зајакне поддршката за Украина. Откако уште пред изборите ја отфрли опцијата за соработка со десничарската Алтернатива за Германија, Мерц вели дека е подготвен да формира коалициска влада со Социјалдемократите, кои се трети по бројот на гласови.

„Решен сум да имам добри, брзи и конструктивни разговори со социјалдемократите за формирање коалициска влада до Велигден – 20 април.“ – Фридрих Мерц кандидат за канцелар на Германија.

На второ место заврши Алтернатива за Германија, екстремно десничарската партија која го удвои својот изборен резултат – од 4,8 милиони гласови на претходните избори, овој пат успеа да придобие 10,3 милиони гласови.

„Германците гласаа за промени. Обидот на Фридрих Мерц да создаде коалиција на крајот ќе заврши со неуспех. Ќе имаме нови избори – не мислам дека ќе треба да чекаме уште четири години.“ – Алис Вајдел кандидат за канцелар на АФД.

Трети се социјалдемократите на досегашниот канцелар Олаф Шолц, кои го доживеаа најлошиот резултат досега со освоени 16.4 проценти. За Шолц, изборните резултати се горчлив пораз за партијата и најави дека нема да учествува во преговорите за идни коалиција.

Неуспехот на изборите веќе резултураше и со првите оставки. Вицеканцеларот на Германија, Роберт Хабек најави дека ќе се повлече од водечката улога во Зелените, откако неговата партија претрпе пораз на изборите. Според резултатите, Зелените освоија само 11,6 отсто на од гласовите, што е намалување од 14,7 отсто од последните национални избори во 2021 година.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Штипската болница повторно заборавена од властите

Следно

Димитриеска-Кочоска и Ристовски дел од панел-дискусијата „Ракометот спорт број 1?“

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop