Во ЕУ допрва нема да се влегува

January 27, 2024
1 min read

Британските туристи може да се соочат со редици од 14 часа за да влезат во Европа со новиот режим на гранични проверки на ЕУ, им било кажано на британските пратеници.

На брифинг кој англиски Телеграф го оценува како „алармантен“ , Парламентот бил предупреден дека може да се создадат огромни  опашки во Довер кога Брисел ќе воведе проверки за отпечатоци од прсти и система за фацијално препознавање за сите кои доаѓаат надвор од ЕУ.

Унијата соопшти дека на есен, конечно ќе го воведе својот неколкупати одложуван систем за влез/излез. Брисел досега постојано го одложуваше спроведувањето на проверките поради предупредувањата од туристичките фирми дека ќе се предизвика хаос на границите на европските држави.

Шемата треба да се имплементира во октомври оваа година. Телеграф објаснува дека според новите правила, сите посетители на ЕУ, при нивната прва посета,  ќе мора да дадат  отпечатоци од прсти и фотографија, покрај нивниот пасош. Туристите, исто така, ќе треба да платат седум евра за овластување за патување познато како ETIAS – по моделот на американската ESTA шема – кое ќе важи три години.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тешко повредена 77-годишна велосипедистка

Следно

СНИМАЊЕТО ФИЛМОВИ МИ Е ТЕРАПИЈА, ВЕЛИ ГЕРМАНСКИОТ РЕЖИСЕР ИЛКЕР ЧАТАК КОЈ ДОБИ НОМИНАЦИЈА ЗА ОСКАР

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop