Во Египет пристигна 14. брод со хуманитарна помош од Туркије за Газа

January 29, 2025
1 min read

АЛ-АРИШ (АА) – Во координација на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД), 14. „Брод на добрината“, кој носи хуманитарна помош за Газа, денес пристигна во египетското пристаниште Ал-Ариш, јавува Анадолу.

Бродот, кој тргна од турскиот град Мерсин вчера, 28 јануари, донесе 871 тон хуманитарна помош.

И покрај прекинот на огнот, Газа продолжува да се соочува со сериозна криза во храна како резултат на уништената инфраструктура и економскиот колапс, оставајќи голем дел од нејзиното население зависно од помош. Туркије е постојан партнер во обезбедувањето помош во храна за Газа, демонстрирајќи солидарност преку иницијативи предводени од организации како турската Црвена полумесечина и Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Во понеделникот стотици илјади раселени Палестинци почнаа да се враќаат од јужна и централна Газа во северниот дел на енклавата.

Во повеќе израелски и меѓународни извештаи се сугерира дека специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток, Стивен Виткоф, одиграл клучна улога во убедувањето на Нетанјаху да се согласи за прекин на огнот во Газа на 19 јануари.

Според договорот, индиректните преговори за втората фаза од договорот треба да започнат на 16. ден од прекинот на огнот.

Првата шестнеделна фаза од договорот стапи на сила на 19 јануари, прекинувајќи ја геноцидната војна на Израел во која се убиени над 47.300 Палестинци, повеќето жени и деца.

Поради израелските напади како исчезнати се водат најмалку 11.000 луѓе, предизвикани се исклучително разорување и огромна хуманитарна криза.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче да си земе нови советници зошто не виделе дека вчера премиерот одговори за Додик

Следно

Данска го декласира Бразил

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop