Во државата има вкупно 22 пожари на отворен простор

August 10, 2025
1 min read

На територијата на државата денеска до 9 часот има вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а изгаснати се 21 пожар, информираат од Центарот за управување со кризи.  Активен е пожарот во Национален парк Јасен во Општина Македонски Брод каде гори мешана шума.

Пожарот, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, избил вчера попладне на околу неколку километри после капијата за влез од скопската страна (т.н. капија Кула) на ЈП ловиште Јасен. 

– На местото на пожарот веднаш се упатија вработените од Јасен кои дејствуваа врз пожарот од земја на исклучително тежок терен. Набргу потоа со дејство врз пожарот започнаа два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, а подоцна ним им се придружија и два полициски хеликолтера. Пред стемнување пожарот најпрво беше ставен под целосна контрола, а потоа и целосно изгаснат без знаци на горење. Од страна на вработените од Јасен беше извршена контрола на изгаснатата линија на пожарот и никаде не беа забележани знаци на горење. Во текот на ноќта пожарот повторно се реактивирал поради што рано наутро екипите на Јасен повторно излегоа на терен и почнаа со гаснење на местата каде тоа беше возможно од земја. Како поддршка веднаш се упатени два полициски хеликоптера кои со извонредно прецизно дејство помагаат за совладување на овој шумски пожар. Нешто подоцна со дејство започнаа и два „ер трактори“ на ДЗС, информираат од ДЗС.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ограничен број на камиони со помош, од Египет влегуваат во Газа преку преминот Рафа

Следно

Голем пожар на југот на Албанија, евакуирани села

Latest from Blog

Четворицата кандидати за прв човек на ОН во своите излагања го ставија мирот на прво место

Претендентите за функцијата генерален секретар на ОН неделава се заложија за организација која е поангажирана во мировните напори, но истовремено избегнуваа цврсти ставови за тековните кризи кои би можеле да ги вознемират

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

Пратеничката група на СДСМ поднесе Закон за измени на Законот за Влада по скратена постапка, забраната за двојно државјанство да важи за министрите, вицепремиерите и целиот состав на Владата и тоа веднаш.
Go toTop