Во Бугарија се поизвесни се нови парламентарни избори

January 7, 2023
1 min read

Втората најголема партија во Бугарија, „Промените продолжуваат“ (ПП) најави дека в понеделник ќе го врати мандатот за формирање на влада, што беше доделен на нејзиниот кандидат за премиер Николај Денков.

Партијата „Промените продолжуваат“ (ПП) на поранешниот премиер Кирил Петков, која се обиде да формира малцинска влада со партијата Демократска Бугарија, вчера не доби поддршка од Парламентот. „За“ гласаа 63 пратеници, а „против“ беа 114 од 240 пратеници.

Пратениците од партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов и проруската националистичка партија Преродба беа против, додека три политички опции беа воздржани, вклучително и Бугарската социјалистичка партија, поранешен сојузник на партијата на Кирил Петков.

Коалицијата на ГЕРБ, која на вонредните парламентарни избори на 2 октомври освои најмногу гласови, но само 67 мандати, во декември не успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот.

По неуспехот за формирање на малцинска влада од страна на партијата „Промените продолжуваат“, сега Бугарскиот претседател Радев мора да побара од третата најмоќна политичка опција за формирање влада, а тоа е центристичката партија Движење за права и слободи. Доколку и таа не успее да формира влада, Радев мора да го распушти Парламентот и да распише нови избори, петти во изминатите две години.

Од април 2021 година, кога се одржаа последните редовни парламентарни избори, формирањето на стабилна влада е спречено поради острата поларизација меѓу партиите и нивната недоволна сила.

Оттогаш, Радев назначи неколку преодни влади, а единствената во полн капацитет, предводена од Петков, беше формирана по вонредните избори во ноември 2021 година, но нестабилната четиричлена коалиција се распадна по само шест месеци, во јуни 2022 година.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Божикна литургија во Соборниот храм, политичарите со верниците

Следно

ТОЈ Е ДЕСЕТИОТ РУСКИ ТАЈКУН КОЈ ЗАГИНАЛ ПОД МИСТЕРИОЗНИ ОКОЛНОСТИ – кога ќе дознаете што му се случило сè ќе ви стане јасно (ФОТО)

Latest from Blog

Нормализиран е сообраќајот на патиштата и клучките што беа затворени заради пожари

Сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка изутрина во 06:00 часот е нормализиран  во двата правца, информира АМСМ.  Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:
Go toTop