Во БиХ двојно ја зголемуваат минималната плата, кај нас Владата ни да чуе

November 13, 2024
1 min read

Минималната плата во Федерацијата Босна и Херцеговина ќе достигне над 600 евра, а работодавачите ќе бидат ослободени од плаќање на дел од придонесите.

Оваа реформа доаѓа како дел од поширока фискална реформа, која вклучува и нови закони за ограничување на црниот пазар и олеснување на товарот на економијата.

Во моментов минималната плата таму изнесува 310 евра, што значи дека со новиот пакет измени таа ќе се зголеми двојно.

Од друга страна, минималната плата во земјава останува 22.657 денари, а Владата не го прифати предлогот на опозициската СДСМ за покачување на минималната плата за 12 отсто, односно на 27.700 денари или 450 евра.

„Со измените, предвидуваме минималната плата да се покачи на 27.700 денари, што претставува пораст од 12,3%. Со ова, не само што ќе обезбедиме финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијаеме на порастот на просечната плата, што ќе има позитивен ефект врз секое семејство во државата. Методологијата за усогласување на минималната плата со порастот на трошоците за живот и просечната плата останува и понатаму како дел од овој закон, со тоа ќе обезбедиме сигурен и постојан раст на приходите на граѓаните“ рече претседателот на СДСМ Филипче на прес-конференција во Собранието кога пратеничката група на оваа партија ги предложиме измените и дополнувањата на Законот за минимална плата.

Сепак, ваквиот предлог беше одбиен од ВМРО-ДПМНЕ, кои велат дека владините мерки даваат резултат, иако во последните месеци минималната синдикална кошничка не се намалува, додека се намалува просечната исплатена плата во државава.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе го чекаат системското усогласување на минималната плата, донесено од претходната влада, кога во март се усогласува платата со трошоците на живот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Победија граѓаните на Кочани

Следно

Палчо од Турција се јавувал, инспектори слушале – „си носеше пиштол со себе ради лична безбедност“

Latest from Blog

ХРАНА: Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Помеѓу загинатите најмалку 1.319 се цивили од кои 206 се деца, соопшти ХРАНА повикувајќи се на податоците добиени од активистичките мрежи во Иран и од информации од здравствениот сектор. Според ХРАНА, убиени

Зимски циклон со центар над Јонско море следната недела ни носи заладување, дожд и снег

По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море,
Go toTop