Победија граѓаните на Кочани

November 13, 2024
1 min read

Кочанчани ја добија битката. По 17 дневен протест и 24 часовна блокада на патот кој води кон градската депонија, Советот на Општина Кочани на денешната редовна седница донесе едногласна одлука отпадот од Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево, но и другите општини во регионот повеќе да не се носи на градската депонија кај кочанското село Бели сè до отпочнување со работа на регионалната депонија во Светиниколско Мечкуевци. 

На седницата едногласно беше усвоена и инцијатива да се формира надзорно тело кое ќе врши надзор на начинот на собирање и депонирање на сметот на територијата на општина Кочани. 

Учесниците на протестот пак, се задоволни од донесените одлуки на денешната Седница на Совет.

За тоа како граѓаните реагираа изминатите денови на депонијата што собираше отпад и од други градови, притоа предизвикувајќи опасност по нивното здравје и животна средина се говореше и во емисијата 24 Отворено.

Инаку, попладнево граѓанските активисти кои изминатите речиси три седмици го блокираа пристапот до депонијата ќе одржат состанок на кој ќе ја разгледаат новонастанатата ситуација и ќе донесат одлука дали протестот ќе биде прекинат.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Извештај: Израелската армија планира да остане во Газа најмалку до крајот на 2025 година

Следно

Во БиХ двојно ја зголемуваат минималната плата, кај нас Владата ни да чуе

Latest from Blog

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од
Go toTop