Палчо од Турција се јавувал, инспектори слушале – „си носеше пиштол со себе ради лична безбедност“

November 13, 2024
1 min read

Вања е земена од внатрешноста на зградата, бидејќи на сите снимки кои ги гледале роднините, девојчето не ја напуштило зградата. Ова денеска го сведочеше Маја Спировска, прва братучетка на мајката Зорица Ѓорчевска.

„Гоце во еден момент го откри Цитроенот и дојде во дневна ми кажа. Рече дека имаме трага, тогаш мислевме дека ја има грабнато Панче од Велес и дека станува збор за педофил“, вели Маја Спировска.

На снимките се забележувал маж кој стоел спроти зградата, држел мобилен телефон и набљудувал. Подоцна, истиот човек бил виден како влегува во црно БМВ.

Во сведочењето беше посочено и дека таткото на Вања, кој е обвинет, на Маја ѝ рекол да бара помош од Илон Маск.

„Овој сведок го потврди тоа што ние го тврдиме а тоа е општа агонија кај таткото, Александар, секако и кај мајката. И таа агонија одела до тие граници и размислувања да му се јават на Илон Маск“, вели Туфегџиќ.

Спировска потврди дека добила информација за порака од таткото испратена во родителска група, во која пишувало: „Вратете го детето, ќе ви дадам пари.“ Сепак, таа рече дека никогаш не видела директен доказ за оваа порака.

Во текот на судењето сведочеше и Ѓорѓи Џолев, сопственик на возилото Рено Кангу, кое наводно било користено од обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо. Џолев изјави дека во штабот на партијата имало пиштол, за кој претпоставува дека бил сопственост на Палчо.

„Палчо си го носеше пиштолот со себе ради лична безбедност. Откако тој беше нападнат пред својата куќа. Мислам дека пиштолот беше Валтер“.

Адвокатот Васко Стојков, кој го однел Палевски во Белград по извршувањето на кривичните дела, изјави дека преку него Палевски веднаш ја информирал македонската полиција дека се наоѓа во Турција.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во БиХ двојно ја зголемуваат минималната плата, кај нас Владата ни да чуе

Следно

Ѓорѓиевски: Создадовме 80.000 квадрати паркови, Мицкоски има реална заложба и конкретен план за намалување на загадувањето

Latest from Blog

Турското МНР го осуди нападот на терористичката ПКК врз ирачките војници

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије, заедно со Ирак, ќе продолжи да се бори против тероризмот, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи по убиството на двајцата ирачки граничари од страна на терористите на

Тошковски: Оваа генерација покажа дека со храброст, посветеност, сплотеност и тимски дух можеме да се носиме со најдобрите

Вечерва во Вараждин по завршувањето на натпреварот со Франција имав чест лично да ги посетам нашите ракометари и да им честитам за борбеноста и пожртвуваноста што ја покажаа. Со голема гордост ги

Арсовска објави фотографија: Лицата кои ги трујат скопјани и кои претепаа инспектори и натаму се на слобода

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го повика МВР да реагира и да ги уапси лицата кои нанеле тешки телесни повреди на инспекторите од Град Скопје, и дека истите продолжуваат да го трујат

Касами продолжува да сее раздор во Тетово, му пречат улиците со македонски имиња

Од Сојузот на борци од Тетово апелираат до државниот врв, дипломатскиот кор и особено до Владата веднаш да го осуети обидот за креирање немир и јавно да го осудат националистичкото сценарио во

Денот во 60 секунди – Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, МВР прими 497 нови полицајци

Македонија секој ден оди чекор напред. Владата засилено работи на трансформација на државата. МВР прими 497 нови полицајци, се засилуваат безбедносните сили, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на
Go toTop