Во Берлин откриен тунел за бегство од времето на Студената војна

June 18, 2023
1 min read

Во соработка со Државниот завод за споменици, археолошката специјалистичка компанија и градежните партнери, донесена е одлука тунелот да не се уништува или да се полни со бетон

ФОТО: Локален берлински весник БЗ, Marlit Seeger

Тесен тунел за бегство од времето на Студената војна ископан под Берлинскиот ѕид неодамна е откриен за време на градежни работи во германскиот главен град.

Тунелот, кој е само 50 сантиметри широк и 70 сантиметри висок, е откриен под Бернауер Штрасе 26 во центарот на Берлин, која некогаш била утврдена граница меѓу комунистичка Источна Германија и енклавата контролирана од западните сојузници.

Тунелот бил откриен на почетокот на месецов за време на изградбата на нова станбена зона, информира локалниот берлински весник БЗ (BZ).

„За постоењето на тунелот веќе се знаеше, но геофизичките студии покажуваа дека тој е подлабоко под земја“,

изјави за весникот официјален претставник од канцеларијата за заштита на историјата во Берлин.

Матијас Боровски, портпаролот на Централното здружение за домување (ВБМ) вели дека во соработка со Државниот завод за споменици, археолошката специјалистичка компанија и градежните партнери, донесена е одлука тунелот да не се уништува или да се полни со бетон.

Источногерманскиот режим го изгради Берлинскиот ѕид за да ги спречи граѓаните да бегаат во капиталистичка Западна Германија. Поради тоа, многу луѓе се обидувале да дојдат на запад преку подземни патишта.

Според Меморијалот на Берлинскиот ѕид, имало најмалку 12 други тунели за бегство ископани долж делот на улицата Бернауер каде што бил откриен последниот тунел.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина тврди дека извршила 14 воздушни напади врз позициите на руските сили

Следно

На аеродромот во Сингапур почнаа да работат роботи полицајци

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop