Во Албанија уапсен в.д. градоначалникот на Химара

March 24, 2024
1 min read

Судија на претходна постапка му одредил притвор, а на три лица одговорни во секторот урбанизам мерка домашен притвор. Едно лице е во бегство.

Горо интервенирал во отуѓување државно земјиште да биде дадено на трети лица за потоа тие да имаат корист од статусот на стратешки инвеститор.

-Горо, меѓу другото, дозволил во два случаи околу 11 илјади квадратни метри земјиште кое било во државна сопственост во Дерми едно од најубавите приморски места, со фалсификувани документи да биде запишано како сопственост на лица како стратешки инвеститори, јавија медиумите

Како кандидат на Социјалистичката партија, тој, беше избран за градоначалник на Химара во три последователни мандати, а изгуби од Фреди Белери на изборите во 2019 и на 14 мај минатата година.

Откако неговиот противкандидат Фреди Белери беше уапсен два дена пред локалните избори, под обвинение дека купил осум гласа за сума од 40 илјади леки, кривично дело за кое е осуден на две години затвор, Горо стана привремен градоначалник.

– Истрагата против Горо започна по пријавата до СПАК на адвокатите на Белери, во октомври минатата година, во која се споменува и сопругот на поранешната шефица на дипломатијата Олта Џачка. Тој , добил земјиште како стратешки инвеститор за што и беше на распит во СПАК, додаваат медиумите.

Откако по Белери и Горо се најде зад решетки, Химара повторно остана без градоначалник.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА БОСАНСКИОТ ПИСАТЕЛ И СЦЕНАРИСТ АБДУЛАХ СИДРАН

Следно

Ден на жалост во Русија по нападот во концертната сала во Москва

Latest from Blog

Мицкоски најави можно намалување на ДДВ за горивата

Владата планира намалување на ДДВ за нафтените деривати по последниот раст на цените на горивата, најави премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање дали се размислува за намалување на ДДВ, Мицкоски одговори дека

Вештакот Марковски: „Пулс“ бил безбеден во 2012 година, сопственикот бил должен да бара пренамена

На денешното судење за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во фокусот на вкрстеното испрашување беше вештакот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет во Скопје. Во текот на испрашувањето, адвокатката на
Go toTop