Во Албанија се одржа протест на повик на пратениците од опозицијата

December 27, 2023
1 min read

ТИРАНА (АА) – Во Албанија повторно е организиран протест со повик на пратениците од опозицијата од Демократската партија на Албанија (ПД) и опозициските пратеници надвор од пратеничките групи, јавува Анадолу.

Протестот се одржа пред седиштето на Врховниот суд на Албанија додека судот го разгледуваше случајот за судирите во Демократската партија на Албанија (ПД) за раководството и официјалното претставување на оваа партија.

Со транспаренти со натписи „Опозицијата е дух, а не печат“ и „Печатот може да го купиш, но опозицијата никогаш“, демонстрантите, поддржувачи на поранешниот премиер Сали Бериша, тврдат дека ДП е предводена од Бериша.

Во својот говор на протестот, зборувајќи и за судирите во ДП и непризнавањето од институциите за лидер на ДП, поранешниот премиер Бериша рече дека „овој чин се случува само за да имаат Албанија без опозиција“.

„Има ли денес слободен човек што не прифаќа дека Демократската партија, печатот, седиштето им припаѓаат на демократите и само на демократите. Има ли денес слободен човек што верува дека судовите, а не демократите, треба да одлучуваат чии се Демократската партија, нејзиниот печат, нејзиното лого, кој е претседател на Демократската партија?“, рече Бериша.

Потоа групата демонстранти се упати кон седиштето на владејачката партија, Социјалистичката партија на Албанија и булеварот „Маченици на нацијата“.

Дел од демонстрантите фрлаа факели и го блокираа сообраќајот.

Прашањето за печатот, логото и службеното застапување на ДП, по неколку рочишта во Основниот суд на Тирана и во Апелација, заврши во Врховниот суд на Албанија бидејќи нејзиното раководство го бараат и поранешниот премиерот Бериша и Љуљзим Баша. Парламентот на Албанија и другите институции го признаваат Баша за официјален лидер на ДП.

Во моментов Бериша е официјално признат од Парламентот на Албанија како пратеник надвор од пратеничките групи, поради неодамнешните судири во ДП.

Во меѓувреме, Врховниот суд на Албанија во соопштението објавено за денешната седница за случајот во ДП соопшти дека судот одлучил предметот да го врати на повторно разгледување во Апелациониот суд на Тирана.

Во последните недели опозицијата во Албанија организираше неколку протести.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Општина Ѓорче Петров го усвои Буџетот за 2024 година, најголем дел од средствата ќе бидат наменети за капитални инвестиции

Следно

Израелската армија тврди дека пресретнала ирански дрон лансиран од Ирак

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop