ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, гласаа против дебата за трагедијата во Кочани: За првпат во Собранието не се изгласа иницијатива за надзорна расправа

April 15, 2025
3 mins read

Владејачкото мнозинство составено од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, денеска не ја изгласаа „Иницијативата за одржување надзорна расправа за селективниот пристап во истрагата за трагедијата во Кочани“. Со ваквиот потег на тројната Коалиција, во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се спречи можноста барем во догледно време да се расправа за трагедијата во Кочани, во која загинаа 61 лице.

За иницијативата ја поднесена од коалицијата Европски фронт, предводена од Демократската унија за интеграција гласаа членовите на Комисјата од редовите на СДСМ и ДУИ.

Откако пратениците од власта ја отфрлија Иницијативата, ДУИ жестоко реагираше. Садула Дураку од говорницаа порача дека власта бега од вистината и од народот.

„Жалосно е за тие млади души во Кочани и ќе им изразувам сочувство на нивните родители и роднини. Но, едно треба да знаат – неставањето на дневен ред на оваа иницијатива каде што сите институции треба да ја обелоденат вистината и треба да бидат транспарентни, не посакуваат да се стави на дневен ред, бидејќи позади ова стои вистината. Оваа иницијатива не ја гласате бидејќи Мицко е опфатен на индиректен начин во овој случај, додека Тошковски и неговите соработници се опфатени на директен начин во случајот во Кочани“, рече Садула Дураку ид ДУИ.

Во одбрана се вдаде претседателот на Комисијата за политички систем, Љупчо Пренџов, од ВМРО-ДПМНЕ. Го предупреди Дураку дека нема повеќе време, барајќи од Дураку извинување при што рече: „раката да си ја чува на друго место“.

Координаторот на Коалицијата Европски Фронт, Блерим Беџети најави дека ќе ги искористат сите средства кои ги дозволува Деловникот бидејќи како што рече ‘оваа нелегитимна влада го зема законот во своја рака и го обвинува само оној кого сака’.

„Се бара само дебата, и мене ми е жал што не гласате да се дебатира за трагичниот настан во Кочани. Како ние ова да го разбереме? Ние треба да дебатираме и да гледаме дали ова е демократска држава или оди кон широк тоталитаризам. Ако оди кон широк тоталитаризам, тогаш Албанците ќе имаат збор, а не само пратениците“, рече Беџети.

Пратениците од СДСМ нагласија дека не е време за собирање политички поени и дека досега во Собранието не се случило да не биде дадена можност да се одржи надзорна расправа. Фатмир Битиќи рече дека за првпат се случува во Собранието некој да не даде можност дали треба или не треба да има надзорна расправа.

„Како татко и како брат, на тие што загинаа поради институционални пропусти, сметам дека Собранието треба да дозволи да се разговара, затоа што 61 душа загина, а ние сеуште сакаме поени, дали требало анкетна или надзорна расправа. Нема повеќе време, Обвинителството нека си продолжи со работа, но, ние како пратеници мора да кажеме дали сакаме или не сакаме да излезе вистината на површина. Никаде не пишува во Деловникот дека ви се дозволува да ја отфрлите иницијативата. Треба да ја разгледаме и на крај да гласате и ако не сакате да има надзорна расправа да гласате и да ја отфрлите. Но никаде не пишува дека можете да играте на ваков начин, рече Фатмир Битиќи од СДСМ.

Координаторот на „Вреди“, Халил Снопче рече дека тоа што не гласале не значи дека се против одржување на надзорна расправа, туку се за опфаќање и на сите други претходни трагедии.

„Ние не гласавме за овој предлог, не бидејќи сме против да се расправа за трагедијата што се случи во Кочани, меѓутоа бараме истовремено да се дебатира и за другите трагедии што се случија во последните 4-5 години. Не можеме да изоставиме дискусија за настаните во Модуларната болница во Тетово каде починаа 45 луѓе, за автобуската несреќа на Беса транс. Ако системот е дисфункционален, значи дека треба да ги чепкаме сите теми. Првиот преседан се случи во претходниот мандат. Јас бев претседател на Анкетната комисија за правата и слободите на граѓанинот, закажав дискусија со сите материјали, се обратив до министерствата, институциите, донесоа писмени извештаи и закажавме редовна седница на Анкетната комисија за дискусија за несреќите со „Беса транс“ и Модуларната болница во Тетово. Претседателот на Собранието ја суспендираше работата на Комисијата“, рече Снопче.  

Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ, рече дека додека има активна истрага за случајот во Кочани, Собранието не би било добро да одржи надзорна расправа оти, тоа, како што нагласија, би било како вршење притисок и мешање во овој процес.

„Партијата ЗНАМ смета дека треба да се разговара за сите несреќи што се случиле. Мислам дека е сосема неумесно додека има активна истрага во овој момент, Собранието да се меша на овој начин во работата на истражните органи. Зарем во овој момент не би било апсолутен притисок врз Обвинителството и судството и директно мешање ако ние паралелно додека процесот е се уште активен, спроведуваме таков тип на политички дебати. Мислам дека треба да заврши процесот и потоа да го направиме надзорот. Никој не бега од одговорност, но ми се чини дека ваквите реакции всушност се еден начин за бегање од одговорност со оглед на широчината и на опфатот на истрагата што во овој момент се случува“, рече Карапејовски.

Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ беше најжестока во одбраната на одлуката да нема „Надзорна расправа за селективниот пристап во истрагата за трагедијата во Кочани“.

„Сега кога се повикуваат луѓе за истрага, се води истрага , вие реагирате, има 50 осомничени а вие барате надзорна расправа. Оној момент кога истрагата ќе заврши, тогаш ќе се договориме да направиме надзорни расправи и за модуларната болница во Тетово,„Беса транс“…., рече Стојановска.

Бројот на осомничени за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани достигна 52 физички и три правни лица, откако Обвинителството викендот ја прошири истрагата со уште 19 лица. Во пожарот на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 61 лице, а околу 200 млади луѓе беа повредени. Девет лица од повредените се лекуваат во болници низ Скопје, а 47 во странство.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Србија бира влада, студентите протестираат

Следно

ПРЕМИЕРА НА „ЦРНО СЕМЕ“ ВО БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР, ПРВА ТЕАТАРСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА НА РОМАНОТ НА ТАШКО ГЕОРГИЕВСКИ

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Верата и црквата нѐ сплотуваат и ни даваат мир

Кандидатот за градоначалник на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на светата архијерејска литургија по повод празникот Света Петка, одржана во црквата „Св. Петка“ во Кисела Вода. „За многу години

Трамп со порака до Ким Џонг Ун: Ако сака да се сретне со мене, ќе бидам во Јужна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделник дека е подготвен да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговата претстојна посета на Јужна Кореја, доколку Ким го сака тоа, пишува „Анадолу“. „Би бил

Секој родител го сака најдоброто за своето дете, но понекогаш ги правиме ОВИЕ ненамерни грешки

Иако секој родител го сака најдоброто за своето дете, понекогаш ненамерните грешки во грижата може да придонесат – тоа почесто да се разболува, особено наесен. Некои потези имено, наместо да го зајакнат здравјето

Врнежите добредојдени за земјоделството, времето поволно за сеидба на есенските култури

Врнежите од дожд се добредојдени во овој период, ја надополнуваат влагата во почвата и ги снабдуваaт земјоделските култури со потребното количество вода, велат агрометеоролозите. Овие временски услови, нагласуваат, се поволни за сеидба

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ ја дава својата поддршка за Златко Силјаноски, кандидат за градоначалник на Општина Дебрца

Македонски Концепт со чувство на одговорност и посветеност кон иднината на Општина Дебрца, ја дава својата официјална поддршка на кандидатот за градоначалник Златко Силјаноски, предложен од коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Go toTop