ПРЕМИЕРА НА „ЦРНО СЕМЕ“ ВО БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР, ПРВА ТЕАТАРСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА НА РОМАНОТ НА ТАШКО ГЕОРГИЕВСКИ

April 15, 2025
1 min read

Претставата „Црно семе“, по романот на Ташко Георгиевски од 1966, а во режија на Андреј Цветановски, на 16 април ќе има премиера на Народниот театар од Битола. Ова е прва театарска драматизација на славното дело на Георгиевски, а ја направи Јелена Цветановска. По сценарио на Георгиевски засновано на романот, во 1971 Кирил Ценевски го сними еден од култните македонски филмови, кој тогаш беше и југословенски кандидат за Оскар.

Романот е приказна за група Македонци, затвореници на превоспитување на пуст остров во Егејското Море, во времето на Граѓанската војна во Грција од 1946-49.

„Вчера се навршија 13 години од смртта на Георгиевски, а оваа година се одбележуваат 90 години од неговото раѓање. Неговото семејство, поточно неговите три синови, ни ги отстапија авторските права и беа среќни што некој се сетил да го постави на сцена неговиот текст од ‘Црно семе’. Првпат е драматизиран романот за театар. Зошто после премиерата на филмот досега никој не се занимавал со тоа, веројатно е и политичко прашање“, рече директорот Васко Мавровски, додавајќи дека и тој е трета генерација од луѓе кои биле протерани од Егејска Македонија.

„Судбината на помалите народи е тешка затоа што нивните приказни не се раскажуваат. Ако ние не си ги раскажеме своите приказни, нема кој. Оваа претстава е да се издржи, да останеш свој и покрај сите притисоци“, рече режисерот Андреј Цветановски.

Во приказната, припадници на кралската грчка војска, во чиј состав влегуваат и Македонците од Егејска Македонија, под обвинение дека се комунисти, се казнуваат со упатување во логор на пуст остров.

„Иако претставата се занимава со едно колективно страдање кое станува трансгенерациско, поминале многу генерации од тогаш, ние уште страдаме поради тоа, сепак секое страдање си има своја приказна“, рече актерот Огнен Дранговски.

Во претставата играат Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Никола Пројчевски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Александар Димитровски, Александар Копања, Марија Цветановска, Петар Спировски, Живко Борисовски, Хари Михајловски. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, музика Димитар Андоновски, кореографија Дамјан Цветановски. Покрај авторската музика на Андоновски, се користи и композицијата „Бело Море“ од Мизар и хорот Хармосини од албумот „Детето и Белото Море“.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, гласаа против дебата за трагедијата во Кочани: За првпат во Собранието не се изгласа иницијатива за надзорна расправа

Следно

Коцевски: Со 7 нови полицајци вечерва се проширува истрагата за Кочани

Latest from Blog

Адвокатот на Линдзи Кленси бара од Трамп да ја помилува, иако таа призна дека си ги убила своите три деца (ВИДЕО)

„Господине претседателе, се надевам дека ќе размислите за тоа каква личност е оваа млада жена, низ што поминала и ќе ја разгледате можноста за помилување“, рече адвокатот Кевин Редингтон во интервју за

ЛШ Полувреме: Мбапе и Валверде ги казнија грешките на Интер, Порто издржа против Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид има убедлива предност од 2:0 по првите 45 минути на натпреварот против Интер во воведното коло од Лигата на шампионите. Можеби резултатот не ја отсликува целосно сликата на теренот затоа

Остра реакција на Исланд поради објавата на Трамп- повикан на разговор американскиот амбасадор

Исланд го повика американскиот амбасадор во Рејкјавик на разговори откако претседателот Доналд Трамп објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа Исланд и други земји под знамето на САД, објави исландскиот

Коњановски: Да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на слобода и правда

БИТОЛА – По повод 35-годишнината од независноста на Македонија, денеска бројни делегации положија свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ во Битола. Почит на значајниот датум од македонската историја оддадоа градоначалникот на Општина
Go toTop