Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

March 26, 2026
1 min read

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител.

-Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла дека имаме чувство, а до некаде и информации, дека голем дел од предметите и претставките кои дел од институциите како резултат на внатрешната ревизија, ги имаат доставено до канцеларијата на Јавниот Обвинител, стојат или во фиока или на дното од приоритетите. Често пати на седница на Влада имаме точка на која што ја анализираме работата на институциите врз основа на извештаи кои што ДЗР ги доставува до Владата и до сега јас лично, може стотина пати, имам прашано ако ова го констатирал Државниот завод за ревизија, дали ова е некаде процесуирано? Одговорот без исклучок е “да процесуирано е до Јавниот Обвинител“. Очекувам сите овие предмети да бидат извадени и да се работат и да се види дали таму има основано сомнение за сторен криминал од луѓето кои ги воделе тие институции или нема, посочи премиерот Мицкоски.

Тој истакна дека очекува од новиот јавен обвинител да направи детална анализа и да се постапи по овие веќе доставени предмети.

 

-Лично очекувам најмалку уште две работи кои се многу важни во историска смисла на зборот за иднината на оваа држава. Ако не ја откриеме вистината за тие две работи, тогаш цело време ќе живееме во илузија. Првата работа е како магично тогаш затвореникот Катица Јанева, предметите кои беа дел од СЈО ги достави повторно во судската пракса. На ова прашање мора да најдеме одговор. Тоа е важно за иднината на оваа држава и за правосудниот систем и владеењето на правото. И второ, исто така според мене многу важно, ако сакаме вистинска иднина, а ова ќе го поделиме на две подгрупи, како се судеше група на луѓе за тероризам и врз основа на кои докази и како се изнудуваа изјави од тогаш така наречен заштитени сведоци и втората подгрупа прашања за колкави дополнителни примања и бонуси станува збор за така наречен специјални јавни обвинители и зошто се плашат овој предмет да влезе во фаза на истрага и во судовите, рече Мицкоски.

Тој порача дека ако тоа не се направи тогаш ќе имаме ситуација кога една група на луѓе во државата ќе биде повластена, а најголемиот дел од нашите граѓани ќе бидат тие кои што ќе живеат во разочарување дека правдата не владее за сите.

-Јавно упатувам апел до јавниот обвинител, без разлика за кого и да постои основано сомнение дека сторил криминал, вклучително и за актуелната влада, да отвори истрага и да ја истурка до крај, не смее да има повластени, кажа премиерот Мицкоски и дополни:

„Не постои поголема ахилова пета за една нација и држава, од луѓе кои носат одлуки во името на таа нација и држава, а се корумпирани. Затоа што тие веќе не се свои и стравувам дека одлуките што ги носат можат да бидат на штета на целата нација и држава. Затоа е подобро да се спречи, отколку потоа да се лечи“.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Советниците во Битола одлучуваат за клучни развојни програми

Следно

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

Latest from Blog

Омерагиќ: Босилово е првиот чекор на проектот „FIFA Arena“ во Македонија

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање

Комерцијална банка, Македонски Телеком и Тетекс најтргувани; МБИ10 порасна за 0,08%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 12.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.903,87 поени, со дневен раст од 0,08%, односно 7,94 поени,

Божиновска во Истанбул: Енергетиката денес е прашање на безбедност и стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул, Турција. Годинешниот Евроазиски економски самит се одржа под мотото „Global Responsibility – The Post-War World

Флик го потврди новиот договор со Барса и коментираше за потегот на Јамал со палестинското знаме! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Тренерот на Барселона, Ханси Флик, кој повторно стана нов шпански шампион во неделата, денеска имаше средба со медиумите пред утрешното гостување кај Алавес. Каталонците ја освоија 29-тата титула во својата историја
Go toTop