Србија бира влада, студентите протестираат

April 15, 2025
1 min read

Србија е уморна од блокади и протести, рече пред пратениците во своето експозе како мандатар на новата влада во Србија Ѓуро Мацут. Рече дека главната задача е институциите на системот да функционираат со полн капацитет, дека неговите врати ќе бидат отворени 24 часа на ден, седум дена во неделата, а од новите министри побара да бидат повеќе со народот.

„Всушност, идејата и повикот да бидам носител на мандат е можеби визионерски момент кој треба да го привлече нашето општество кон една кохезија и да излеземе од ова што е можно побрзо и поефикасно и да се обидеме да ги решиме проблемите што се појавија сега, преку институциите.“ – Ѓуро Мацут мандатар.

Жељко Веселиновиќ, од „Работничкото движење “, рече дека владата за која се гласа не се смета за нова влада, туку за реконструирана која претседателот ја најави пред шест месеци. 

„Клучните министерства ги задржуваат истите луѓе. Некои имаат ротирани позиции. Не знам ништо за Мацут, но ми е жал што ќе изгубиме добар лекар и ќе добиеме политичар кој ќе биде успешен или неуспешен. Добар лекар во политичката кал може да биде злоупотребен. Не сум сигурен колку можности ќе имате да се искажете тука.“ – Жељко Веселиновиќ „Работничкото движење“. 

Составот на владата не е особено значаен, бидејќи претседателот Вучиќ ги носи сите одлуки, но од друга страна, кога на чело на Владата става сосема анонимно лице, мислам дека тоа е доволно за да се знае како ќе изгледа оваа влада, вели професорот Душан Спасојевиќ од Факултетот за политички науки. 

„Кога тој поставува сосема анонимно лице на чело на владата, мислам дека тоа е доволно за да знаеме како ќе изгледа оваа влада. Ова не е личност која може да испрати порака за помирување.“ – Душан Спасојевиќ Факултет за политички науки.

Додека се одвиваше расправата во српското Собрание, пред зградата на Радио-телевизија Србија во центарот на Белград и кај студиото на Кошутњак се протестираше од студентите во блокада, а дел од вработените не можеа да стигнат до своите работни места. Студентите бараатда се објави јавниот повик за избор на членови на Советот на регулаторното тело за електронски медиуми.

Студентите кои ги блокираа влезовите во зградата на Радио-телевизија Војводина претходно се разотидоа откако жандармеријата поставо кордон, со што на вработените им е дозволен влез во зградата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хуманитарна аукција на уметнички дела за настраданите од трагедијата во Кочани

Следно

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, гласаа против дебата за трагедијата во Кочани: За првпат во Собранието не се изгласа иницијатива за надзорна расправа

Latest from Blog

Коњановски: Младите се движечка сила на крводарителството во Битола

Битола – Денеска градоначалникот Тони Коњановски ја посети крводарителската акција организирана по повод 17 Март, Денот на крводарителството во Република Македонија и Денот на основањето на Црвениот крст во Македонија. Настанот се

Во ОАЕ уапсени 45 лица поради ширење лажни информации за конфликтот на Блискиот Исток

Помеѓу уапсени има и странски државјани. Уапсените се товарат за „снимање на разни локации за време на тековните настани и нивно објавување на социјалните мрежи“. Тие се осомничени и за „ширење неточни

Муцунски: Благодарение на брзата комуникација со нашите партнери, активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита и подготвеноста на многу држави да помогнат, нашите пациенти добија медицинска грижа во болници ширум Европа

Во деновите кога одбележуваме една година од трагичниот пожар во Кочани, утрово се обратив на отворањето на меѓународната конференција во Скопје посветена на клиничките аспекти по пожарот. Истакнав дека трагедијата нè потсети

Денот на пожарот во Кочани беше најтежок ден во мојот живот како човек, не само како премиер, кажа Мицкоски на одбележувањето на годишнината од трагедијата

Премиерот денеска во Skopje ја отвори меѓународната конференција посветена на институционалните и клиничките решенија по пожарот во Kochani, со која се одбележува една година од трагедијата. Тој истакна дека овој настан оставил
Go toTop