ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал?

February 25, 2026
1 min read

Венко Филипче и СДС се единствените кои се исплашени заради корупцијата и криминалот на структурите блиски до СДС. Филипче да не шири паника и страв и да не ја префрла вината кај граѓаните, граѓаните треба да бидат спокојни, правда мора да има, а институциите на системот да профункционираат, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заврши времето на политички нарачани пресуди од судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица. Нема скандал, криминал и корупција, а таму да не се вмешани имињата на Заев и Филипче. СДС со денови растура пердуви во јавноста и околу скандалот со запленетата марихуана, а сега и со случајот со Артан Груби сами се заплеткаа во сопствените лаги. Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби? Затоа ли вртеа по телефони интересирајќи се за исказот на Груби? Кого може Груби да повлече со него, дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ и други? Лагите на СДС и Филипче траат кратко, но последиците од нив се трајни и штетни за граѓаните на Македонија. Нема јавен настап, а Филипче да не каже лага или сам да се демантира, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека „на Филипче му пропадна и обидот да ја скрие блискоста на структурите на СДС и кланот Заеви со сопственикот на запленетаат марихуана, но вистината излезе на виделина“.

-Венко Филипче лажеше дека не ги познава лицата дури и на телевизиско интервју кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев, но фотографиите од нив двајца кои излегоа во јавноста тоа го демаскираа. Венко Филипче во друштво на сопственикот на илегалната дрога. Венко Филипче и Тони Котев покрај себе. Владеење на правото и правдата мора да има. Секој кој го прекршил законот ќе одговара, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Планирани прекини на струја во делови од Тетово и Брвеница

Следно

Во поплавите во Бразил загинаа најмалку 36 луѓе

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше

54,16 милиони денари промет на Македонската берза во изминатата недела

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 31.08–04.09.2026, вкупниот промет изнесуваше 54.155.109 денари: 41.448.016 денари со акции преку редовно тргување, 704.948 денари со
Go toTop