ВМРО-ДПМНЕ: Нема повеќе „како до сега“, нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ, одговорност и правда мора да има

February 28, 2025
1 min read

Криминалот на кадрите на СДС и ДУИ метастазирал во сите гранки на општественото делување, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Криминалот на СДС е синоним за нивното владеење како и причина за 2 проценти доверба во правосудството и недоверба во институциите на системот.

Секојдневно на површина излегуваат криминалите за време на владеењето на функционерите од СДС.

Индиции и докази за криминалот и злоупотребите од страна на функционерите за време на 7 годишно владеење на СДС и ДУИ се пред очиглед на јавноста.

Во текот на вчерашниот ден беше приведен Филип Андов -Сокол член на ЦО на СДСМ и ексдиректор на Истражниот затвор Скопје и неговата десна рака заповедник во затворот Сашо Крстевски – Ѕверот, кои се главни осомничени.

Ексдиректорот Филип Андов- Сокол претходно му беше советник на експремиерот Зоран Заев за креирање политики за граѓаните на Град Скопје.

Народот гледа какви криминалци од СДС ја воделе државата, истите тие заради лукративни причини го осиромашиле народот и ја опустошиле државната каса.

Нема повеќе „како до сега“, нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ.

Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата продолжува.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одлучна, неселективна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во општеството, стои во соопштението на партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски не очекува резолуцијата да донесе последици за нашето членство во ЕУ

Следно

Додик: Нема лично да се жалам на пресудата

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop