Муцунски не очекува резолуцијата да донесе последици за нашето членство во ЕУ

February 28, 2025
1 min read

Во вчерашната емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изјави дека Македонија е еден од најголемите придонесувачи кон Украина по глава на жител од почетокот на конфликтот.

„Реакции можеби имало на некои од земјите членки на ЕУ. Легитимно е сојузници и партнери некогаш за некои прашања и да не се согласуваат, но кога зборуваме за акциите односно акциите да зборуваат најмногу делата да зборуваат најмногу по она што го правиме. Кога е во прашање Украина сме еден од најголемите придонесувачи кон Украина од моментот на отворање на овој конфликт по глава на жител“, вели Муцунски.

Тој се осврна и на украинската резолуција, истакнувајќи дека во моментот кога ЕУ изгубила консензус околу неа, престанала да важи во рамките на заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

„Во моментот кога ЕУ изгуби консензус по однос на украинската резолуција, таа беше првата резолуција којашто беше поднесена. Таа резолуција престана да важи под принципот на заедничката надворешна безбедносна политика на ЕУ. Прво се појави украинската резолуција и по нејзе имаше консензус и ние во тој момент бевме подготвени да поддржиме, по таа резолуција се појави втора резолуција на САД. Во меѓувреме се изгуби консензусот во рамките на ЕУ. Што значи не е таа резолуција институционално поддржана од ЕУ“, вели Муцунски во „Клик Плус“.

Во врска со можните последици од гласањето за резолуцијата, министерот изрази убеденост дека нема да има негативни последици.

„Искрено, не очекувам последици. Факт е дека сојузници може да имаат различни ставови по некои прашања, но факт е и дека денот кога САД и Франција беа на спротивставени страни во однос на оваа резолуција, претседателот Макрон отиде во Белата куќа и изјави дека Франција и САД секогаш стојат на вистинската страна на историјата“, заврши Муцунски.

Министерот исто така објасни и зашто бил разрешен Жерновски.

„Го имаме случајот со господинот Жерновски кадешто се работи за дисциплинско прекршување на правилата на дипломатското работење коишто се навистина ноторни и тука нема некоја дилема околу тоа прашање. Има и група на амбасадори коишто биле упатени без да го поминат соодветното сослушување или тој филтер“, вели Муцунски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седница на Советот на јавни обвинители

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Нема повеќе „како до сега“, нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ, одговорност и правда мора да има

Latest from Blog

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop