ВМРО-ДПМНЕ бара продолжување на седницата, од кабинетот на Џафери со став: За ова веќе претходно одговоривме

September 1, 2023
2 mins read

реклама



Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе достават барање до претседателот на Собранието Талат Џафери за продолжување на седницата за уставни измени односно да се спроведе гласањето. Ваквата одлука ја донесоа по координацијата со претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

„Бараме да не се одолговлекува процедурата и да се злоупотребува позицијата за да се одолговлекува седницата за уставни измени. Ќе се почитува волјата на граѓаните и нивниот интерес да не се потклекне на барањата на правење на компромиси на штета на државните интереси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјаноски со писмо укажува дека актуелниот шеф на законодавниот дом Талат Џафери треба да ја продолжи седницата за уставните измени на која веднаш треба да се стави на гласањето потребата за измените во Уставот. Доколку тоа не се случи, вели тој, тогаш, според Велјаноски, Џафери го крши Деловникот.

„Предлагачот на иницијативата кон измена на Уставот, во овој случај Владата, воопшто не требаше да си дозволи да покрене ваква постапка без претходно обезбедено 2/3 мнозинство пратеници. Денес, на 1 септември завршуваат десетте работни денови откако беше отворена постапката и завршена расправата за измена на Уставот на собраниската седница, закажана и одржана на 18 август. Гласањето мора да се случи најдоцна денес. Секое спротивно постапување не е во согласност со Деловникот.“, напиша Вељаноски.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Џафери не сакаа да го коментираат писмото на Велјаноски и дадоа само кус коментар – „Конкретно за уставните измени, претседателот Џафери имаше прес конференција на 21 август“.

Премиерот Ковачевски пак рече дека седницата ќе продолжи кога ќе се создадат услови.

„Пленарната седница на Собранието во однос на усвојувањето на амандманите, таа започна и нормално дека ќе продолжи тогаш кога ќе се создадат соодветни услови во однос на бројот на пратениците кои што би поддржале таков процес . Мене навистина ВМРО-ДПМНЕ ми наликува на папагал и после мојата изјавата пак истото го повторија дека избори сакаат. Нив што и да ги прашате велат – избори. Колку е саат да ги прашате велат – избори. Имате ли план – избори. Што ќе правиме после избори – избори. И тоа го правеа 11 години избори по избори имавме и државата не мрдна ниту еден милиметар.“, рече Ковачевски.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во летното издание на Клик плус на ТВ21 рече дека писмото на екс собранискиот спикер Велјаноски го разбира како политички маневар за зајакнување на притисокот на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да се гласа за уставните измени.

„Деловникот е јасен. Постојан денови за дискусија, после кој се исцрпува дискусијата. Тоа не значи дека тој ден треба да се гласа. Како за законите многу често, па дури и за оние со европско знаме кои што исто така имаат зададени рокови, како на крајот од дискусијата се прекинува дискусијата а гласањето се случува кога ќе се собере мнозинство и кога ќе се закаже продолжение на седницата и гласање.“, изјави Маричиќ.

Инаку, претседателот на Собранието Талат Џафери на прес конференцијата одржана пред десетина дена истакна дека се водел од политичка проценка но и дека има целосно право да ја прекине седницата доколку нема мнозинство пратеници потребни за одлучување.

реклама

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Полициски инспектори во моментов ја тресат Клиниката за онкологија

Следно

ОЈО Скопје и полицијата ја „тресат“ Клиниката за онкологија: Се прибираат докази во рамки на предистражна постапка

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop