ВЛЕН: Милиони евра од буџетот завршиле кај лица и фирми поврзани со ДУИ

May 1, 2026
1 min read

Коалицијата ВЛЕН обвини дека милиони евра од државниот буџет завршиле кај лица и компании поврзани со раководството на ДУИ, оценувајќи дека со години се злоупотребувале јавни средства преку контроверзни договори и проекти. Oд ВЛЕН наведуваат дека наместо да се одговори зошто проектот за интерконекција со Албанија бил блокиран повеќе од пет години, ДУИ, како што велат, се обидува да ја префрли одговорноста и да ги прикрие сопствените неуспеси и интереси.

Според нивните тврдења, раскинувањето на договор кој не бил реализиран, но повлекол значителни средства од граѓаните, предизвикува паника кај ДУИ. Тие обвинуваат дека во рамки на проектот се појавувале подизведувачи блиски до раководството на партијата, меѓу кои, како што тврдат, и лица поврзани со Али Ахмети и Бујар Османи.

ВЛЕН тврди дека преку „фиктивни договори и нереализирани обврски“ биле пренасочувани јавни средства кон фирми блиски до ДУИ, додавајќи дека не се согласуваат со нови анекси во вредност од над 8 милиони евра, кои, според нив, би можеле дополнително да го оптоварат буџетот. Во реакцијата се наведува и дека проектот со години имал минимална реализација на терен, додека истовремено се барале дополнителни средства и зголемувања на вредноста на договорите.

Од ВЛЕН посочуваат дека одлуката за раскинување на договорот не е произволна, туку донесена по детални анализи и во координација со меѓународни финансиски институции, меѓу кои и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Дополнително, тврдат дека претходно била спроведена и форензичка анализа во рамки на проект поддржан од УСАИД, врз основа на која биле дадени препораки за постапување.

ВЛЕН ја обвини ДУИ и дека со години ги одложувала и блокирала стратешките енергетски и инфраструктурни проекти кон Албанија и Косово, оценувајќи дека сегашните реакции се резултат на „политичка паника“. Од коалицијата порачуваат дека ќе продолжат со, како што велат, реализација на инфраструктурни проекти и транспарентно управување со јавните средства.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Флик ја прифати понудата на Барселона – може да остане уште три години

Следно

Адмирал го известил Трамп за „завршниот удар“ на Иран

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop