ВЛЕН: ДУИ е главна причина за застојот во владеењето на правото

November 21, 2025
1 min read

Денешната изјава на Арбер Адеми за „неуспех во владеењето на правото“ според ВЛЕН покажува колку ДУИ е одвоена од реалноста. Политичката партија, чија половина од раководството се на „црните листи“ за корупција, денес се претставува како застапник на европските стандарди, иако токму ДУИ е главната причина што земјата години наназад не напредува во клучните обврски од Кластер I.

ВЛЕН истакнува дека за 20 години ДУИ го претвори „запленувањето на државата“ во уметност, додека денес се претставува како моралист и застапник на владеење на правото. Граѓаните добро ги знаат фактите:

Судството се претвори во филијала на ДУИ, Одлуките не се носеа во судовите, туку во партиските коридори, Измените на Кривичниот законик беа направени за амнестија на корумпирани лица.

 

ВЛЕН додава дека токму владеењето на правото е област каде ДУИ оставила најдлабоки траги, што не е само политичко тврдење, туку тоа го нотира и Европската Унија.

Извештајот на Прибе ја оцени владеачката коалиција Груевски–Ахмети како класичен пример за „запленување на државата“: со политички монтирани случаи, системска неправда и последователно илјадници Албанци протерани од земјата.

ВЛЕН апелира за финансиска и институционална автономија на судството и за силни механизми на одговорност, со цел правдата да им служи на граѓаните, а не на партиите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Најдобрите идеи и кадри секогаш произлегуваат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Флик откри добри вести пред враќањето на „Камп Ноу“, Барса наскоро ќе биде најсилна

Latest from Blog

ЛШ: Винчиќ ќе го суди реваншот меѓу Баерн и Реал

УЕФА денеска ги објави судиите за реванш натпреварите во четвртиналето од Лигата на шампионите. Дуелот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе го суди Словенецот Славко Винчиќ. Негови помошници ќе бидат Томаж

Пендаровски: Ако раководството на СДСМ не ја смени стратегијата и пристапот до граѓаните може да се соочи со понатамошен пад, па дури и маргинализација

Стево Пендаровски, поранешниот претседател на државата од СДСМ, упати јасна порака до раководството на неговата партија, дека се наоѓаат на сериозна крстосница и оти без длабоки промени партијата може да се соочи
Go toTop