Владеачката коалиција застана зад премиерот Мицкоски, зацементирана ли е блокада на европскиот процес?

December 15, 2024
1 min read

ЗНАМ, владиниот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, на иста линија со премиерот Мицковски, во однос на евроинтегративниот процес.Претседателот на партијата Димитриевски, вели дека Македонија нема да прави повеќе отстапки на патот за членство во Европската унија. 

Секој Македонец кој ќе биде соочен со ова прашање, ќе ви каже не, доколку треба да се прегази нашиот идентитет, изјави лидерот на ЗНАМ Димитриевски. 

Тој ја поддржа иницицијата на Словенија и Германија за подготовка на нон-пејпер, со кој нема да има можност за вето или блокада, за билатерални прашања во претпристапниот процес. Ваквите иницијативи се за поддржување, вели Димитриевкси, бидејќи идејата на Европската унија е да се заштитат помалите во однос на поголемите.

Владиниот партнер од албанскиот блок ВРЕДИ пак, посочи дека ќе го дадат целиот максимум преговорите со ЕУ да продолжат. Но според нив, без ВМРО ДПМНЕ секој комбинација за гласање за уставни измени е залудна.

По пораките од Брисел дека вметнувањето на Бугарите во уставот остануваат услов за почеток на преговорите со Европската Унија, вчера премиерот Мицковски, истакна дека нивните позиции се јасни, а се додека се на власт отстапки нема да прават.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Русија започна спасувачка операција откако два танкери со нафта се оштетени во теснецот Керч

Следно

Возете внимателно: Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово – Попова Шапка

Latest from Blog

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на
Go toTop