Владата сака да бидеме дел од ЕУ, но не по секоја цена, СДСМ повторно со барање за затворена собраниска седница за евроинтеграциите

October 8, 2024
1 min read

 

Владата сака да биде проевропска и да ја види државата интегрирана во рамки на ЕУ, но не по секоја цена, туку по нормална траекторија во која што би било сочувано достоинство. За ова имаме поддршка од 26 земји членки, освен од нашиот источен сосед, изјави синоќа премиерот Христијан Мицкоски. 

Опозицијата, пак,  се огласи со повторно барање за затворена собраниска седница за власта да го каже планот за евроинтегративниот процес на земјава. 

СДСМ побара ваква седница откако Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија донесе одлука Албанија на 15 октомври да го почне преговарачкиот процес за членство во ЕУ, со што практично би се раздвоила од Северна Македонија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије ќе ги евакуира турските државјани од Либан поради зголемените тензии

Следно

Харис: Нема средба со Путин без претставник на Украина

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop