ВЛАДАТА ПРЕДЛАГА ДА СЕ ВОВЕДАТ НОВИ ДРЖАВНИ НАГРАДИ ПОСВЕТЕНИ НА ЛИНГВИСТИТЕ БЛАЖЕ КОНЕСКИ И РЕМЗИ НЕСИМИ

May 3, 2023
1 min read

По предлог на Министерството за култура, Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот државните награди, со што предлага воведување две нови државни награди  „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“, соопшти Владата по вчерашната седница.

На иницијатива од Советот за македонски јазик, се предлага да се востанови нова државна награда што ќе го носи името на Блаже Конески, основач на современата македонска наука за јазикот, лингвист, литературен и културен историчар, поет, прозаист и преведувач. Со оваа награда ќе се оддава признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјава и во странство.

По иницијатива на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, пак, како што стои во предлогот на Министерството за култура, се предлага да се востанови уште една нова државна награда – за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на албанскиот јазик и албанологијата во земјава. Се предлага да го носи името на Ремзи Несими – лингвист, просветен работник и учесник на Конгресот за правописот на албанскиот јазик во 1972 година.

Владата на вчерашната седница го усвои и Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик чиј предлагач е Министерството за култура, кој понатаму оди во собраниска процедура.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Познат идентитетот на убиецот од Врачар: Коста Кецмановиќ, кој уби најмалку шест соученици, учествувал на многу училишни натпревари

Следно

Синдикатот на докторите на Судан: Во судирите загинаа 447 цивили

Latest from Blog

Коњановски: Го менуваме начинот на управување со отпадот во целиот регион

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска учествуваше на втората работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на Пелагонискиот и Југозападниот плански регион, на која беше презентирана нацрт-верзијата на Регионалниот план

Кој вели дека не сме за во Б дивизија, проекциите велат Македонија и во 2028/2029 ќе биде таму

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра во Лига Б од Лигата на нации и во наредната сезона 2028/2029. Тоа го прогнозираат симулациите на суперкомпјутерот на платформата за фудбалска статистика Football Meets Data.

Тоневски: Спортскиот дух нема години – честитки за одличниот успех на пробиштипските пензионери

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска ги пречека пробиштипските пензионери кои учествуваа на Републичките спортски натпревари на пензионерите од Македонија. Претставниците на Здружението на пензионери од Пробиштип постигнаа одлични резултати, освојувајќи
Go toTop