Владата одлучи да се одложи примената на Концепцијата за седмо, осмо и деветто одделение

July 5, 2024
1 min read

Со одлуката на Владата денеска почнуваат позитивните промени во образованието во нашата држава и децата на 1 септември оваа година ќе имаат учебници. Се одложува имплементацијата на дел од Концепцијата што се однесува на седмо, осмо и деветто одделение во однос на наставните планови и програми, без да бидат засегнати изборните предмети за кои сметаме дека се добро решение во идниот процес на образование кај младите.

Ова попладнево на прес-конференција го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска откако претходно денеска МОН информираше дека по неколку дена разговори со Бирото за развој на образованието изнашле преодно решение за учениците кои од 1 септември ќе бидат седмо одделение – дека ќе може да ги користат учебниците кои се применуваат досега затоа што нови, според наставните програми од новата Концепција, не се изработени. За она што недостига во старите учебници, а е предвидено за изучување, ќе има додатни материјали што ќе ги изработи Бирото за развој на образованието (БРО).

Јаневска нагласи дека учениците нема да останат без учебници, како што рече, „за разлика од претходните години кога процесот на креирање, печатење, одобрување на учебници, од за нас навистина непознати причини, беше неодржлив, променлив, со бројни промени во повиците, со грешки во учебниците итн.“

-Ова решение ќе овозможи да надминеме еден сериозен проблем наталожен веќе неколку години наназад на недостиг на учебници. Секојдневно, макотрпно работевме на изнаоѓање на решение за овој проблем, дадовме максимални напори, секојдневно бевме во комуникација и се среќававме со Бирото за развој на образованието за да изнајдеме решение и конечно тоа и се случи, рече Јаневска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дарманен: Франција спречи два заговора за терористички напад на ОИ

Следно

Се избраа најдобрите од најдобрите: Кој ќе оди во големото полуфинале ќе дознаеме овој викенд во “Пат до Ѕвездите”

Latest from Blog

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,

Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една
Go toTop