ВЛАДАТА ЈА НАЗНАЧИ ВЕРОНИКА БУЧКОВСКА ЗА В. Д. ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

December 19, 2024
1 min read

Владата на седницата на 17 декември ја именуваше Вероника Бучковска за в. д. директорка на Агенцијата за филм, на местото на Даниела Станковска-Плачковска, која неодамна поднесе оставка од функцијата, соопшти Агенцијата.

Бучковска е дел од Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка во Агенцијата од 2011, задолжена за промоција на македонската филмска продукција на локално и меѓународно ниво како и за следење на реализацијата на филмските фестивали.

Од Агенцијата велат дека има долгогодишно работно искуство во организирање и учество на настани од различни формати, со национален и меѓународен карактер како меѓународни конференции и фестивали, еднодневни обуки/работилници како Џифони,  Генерално собрание на Одборот на директори на Еуиримаж, фестивалски и индустриски програми со фокус на македонската и регионалната филмска продукција во рамки на бројни филмски фестивали, и голем број настани ориентирани кон младата публика и иницијативи за филмско образование.

Бучковска е национална претставничка во Европската аудиовизуелна опсерваторија (European Audiovisual Observatory) и мрежата Европска филмска промоција (European Film Promotion), меѓудругото и членка на Мрежата на Европски филмски комисии.

 

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Герасимовски: Вандализмот е проблем на сите, родителите да соработуваат со институциите

Следно

Излезе од печат нова книга од младата писателка и поетеса Моника Стојанова

Latest from Blog

Монако го шокираше ПСЖ среде Париз

ФОТО:.facebook.com/asmonaco Европскиот шампион го претрпе првиот пораз оваа сезона во Лига 1, во дербито против Монако, кој фуриозно ја започна новата сезона со сите три победи, и тоа на “Паркот на принцовите“

Поради величење на Ратко Младиќ: УЕФА ги казни Ц.Звезда и Борац Бања Лука

ФОТО:x.com/crvenazvezdafk Црвена звезда вечерва дозна лоши вести од УЕФА, а причината е одлуката на дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот поради однесувањето на навивачите на српскиот шампион за време на натпреварот

Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели

Програмата, која нуди низа попусти и бенефиции, беше лансирана во јули со цел жителите да станат амбасадори на градот, пишува Euronews. На учесниците им беа понудени бенефиции во вредност од повеќе од
Go toTop