Излезе од печат нова книга од младата писателка и поетеса Моника Стојанова

December 19, 2024
1 min read

„Бисерна фантазија“ на Моника Стојанова е двојазична поетска збирка (македонско-српска) која содржи три циклуси песни: 1. Страниците на бесконечноста; 2. Мистичен лавиринт на мечтите; 3. Небесен еликсир.

Како рецензент зад делото се потпиша академик проф. д-р Драгутин А. Ѓукиќ, кој во својата рецензија истакнува:

„Авторката се одликува со изразена елоквентност, универзалност (во однос на темата и значењето) и длабочина која е испреплетена со универзалноста и се рефлектира на суштината на поезијата, што особено се забележува во песната Неиспишан поетски сон, во која таа апострофира дека „Ако поетот не би се побунил, / реалноста не би била разбрана“, зашто „одѕвонува како од празно ѕвоно, / кое чека да се исполни“ (…)

Ова поетско дело од младата поетеса Стојанова е добро осмислено и реализирано во согласност со нејзините поетски ставови, за што сведочат многуте убедливи и сугестивни песни. Поради сериозноста со која пристапува кон пишувањето поезија, со недвосмислено јасна порака, која ја подига свеста и облагородува, на читателите им препорачувам повеќекратно да ја прочитаат оваа поетска збирка“.

Препевот од македонски на српски јазик е на проф. д-р Александра Стојановиќ – Донев и проф. д-р Боро Васиљевиќ. Книгата е во издание на Книжевниот Клуб „Драгослав Грбиќ“ од Чачак, Србија.

Покрај на оваа, Моника Стојанова е автор на следните книги: романите „Танцот на животот“, „Танцувајќи во тишината“ („Танцот на животот 2“), „Божественото во себе“, „Чекор до разумот“; сонетен венец и збирка сонети „Допирот на времето“; и збирка раскази „Игра, копнеж, вистина“.

Стојанова е добитник на повеќе меѓународни награди и признанија како учесник на поетски фестивали во Србија и Италија, а нејзината поезија е објавена во голем број меѓународни антологии и препеана на српски, италијански, англиски, руски и бугарски јазик. Член е на Друштвото на писатели во Крагуевац, Србија.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ВЛАДАТА ЈА НАЗНАЧИ ВЕРОНИКА БУЧКОВСКА ЗА В. Д. ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

Следно

Внимавајте, нова измама со СМС пораки – се преставуваат како „Македонски пошти“, па ги крадат податоците од платежни картички

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop