Владата го усвои предлогот на Комисијата за номинирање кандидати за судија во ЕСЧП

January 13, 2026
1 min read

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права, информираат од прес службата на владата.

Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.

По разгледувањето, Владата ја усвои Информацијата, по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција задолжена за спроведување на административните и техничките активности во постапката, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати.

По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата, по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа, стои во соопштението на владата.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НП Шар Планина го засилува мониторингот на балканскиот рис

Следно

Без судење и без одбрана: Утре ќе биде погубен 26-годишниот Ерфан Солтани – протестите во Иран добиваат смртен епилог!

Latest from Blog

Даниловски: Тигрестиот комарец е лош летач, тој е ниско при земја и со аеропрскање не му можете ништо

Oдозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, појаснува епидемиологот Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки. Аеропрскањето не значи

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе
Go toTop