Без судење и без одбрана: Утре ќе биде погубен 26-годишниот Ерфан Солтани – протестите во Иран добиваат смртен епилог!

January 13, 2026
2 mins read

Иранската јавност повторно е во фокусот на меѓународната заедница по информациите дека властите во Техеран се подготвуваат да извршат смртна казна врз 26-годишниот Ерфан Солтани – наводно првата екзекуција поврзана со масовните антивладини протести што ја зафатија земјата во изминатите месеци. Според организации за човекови права, случајот се одвива експресно и без можност за правна одбрана.

Апсењето и обвиненијата


Солтани бил приведен минатата недела во Караџ, за време на демонстрациите против властите. На организациите за човекови права им било пренесено дека тој е обвинет за „водење војна против бог“, кривично дело кое во Иран носи смртна казна. Индискиот медиум НДТВ објави дека екзекуцијата би можела да се изврши утре, без спроведено судење.

Невладина организација „Иран Хјуман Рајтс“, повикувајќи се на свои извори, соопшти дека семејството веќе било информирано за пресудата и за терминoт на планираното погубување, закажано за 14 јануари. Друга организација, Националната унија за демократија во Иран, тврди дека Солтани немал пристап до адвокат и дека неговиот случај е пример за „грубо прекршување на основните човекови права“.


Засега нема независна потврда за најавената екзекуција, а меѓународните организации укажуваат дека ограничувањата на интернет и комуникациите во Иран го прават речиси невозможен увидот во состојбата на терен.

Стотици жртви и илјадници уапсени


„Иран Хјуман Рајтс“ предупредува дека потврдените бројки за загинати демонстранти достигнуваат 648, меѓу кои и девет малолетници, а вистинската бројка може да биде значително поголема. Според организацијата, во текот на протестите биле уапсени околу 10.000 лица, при што дел од нив се водат како исчезнати. Организацијата укажува дека сцените потсетуваат на репресијата од 1980-тите, која меѓународните институции ја оцениле како злосторство против човештвото.

„Меѓународната заедница има обврска да ги заштити цивилните демонстранти од масовни убиства“, изјави директорот на организацијата, Махмуд Амири-Могадам.

Одговорот на иранските власти

Паралелно, иранските државни институции организираа масовни провладини собири низ земјата. Врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи ги оцени собирите како доказ дека протестното движење слабее и дека „плановите на странските непријатели“ биле осуетени. Во Техеран, претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф изјави дека земјата води „војна на четири фронта“ – економска, психолошка, воена и политичка – со САД, Израел и, како што рече, „терористички структури“, алудирајќи на протестите.


Извор: tv21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Владата го усвои предлогот на Комисијата за номинирање кандидати за судија во ЕСЧП

Следно

Официјално: Кансело до крајот на сезоната во дресот на Барса! (ВИДЕО)

Latest from Blog

(ВИДЕО) Трамп: ДА НЕ ЈА ИСФРЛЕА РУСИЈА НЕМАШЕ ДА ИМА ВОЈНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тековната војна меѓу Москва и Киев најверојатно ќе била избегната доколку Русија останела членка на тогашната Група осум (Г8). „Најверојатно немаше да ја имате војната меѓу

Собраниските комисии дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање, со што беше направен значаен чекор во процесот на усвојување

Ведат Муриќи се врати во Фенербахче

Интернационалецот од Косово, 32. годишниот Ведат Муриќи е нов играч на екипата на Фенербахче во трансфер вреден 15.5 милиони евра. Сума која што турскиот гигант ја плати на Мајорка, екипата за која
Go toTop