Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

May 20, 2025
1 min read

Владата денеска на седница го прифати договорот со британската Влада за стратешко партнерство и го овласти вицепремиетрот и министер за транспорт Александар Николоски да го потпише на церемонија во Лондон закажана за четврток.

Во владината делегација ќе бидат и вицепремиерот Изет Меџити, министерката за обарзование Весна Јаневска и директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски.

  • Владата на Обединетото Кралство става на располагање шест милијарди евра за реализација на проекти во Македонија. Ова ќе биде проектно финансирање и исклучиво со реализација на проекти. Влегуваме во партнерство со ОК, клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на Владата, но исто така и позицијата на Македонија како прозападна држава која ги почитува евроатлантските вредности. Целта на договорот е да воспостави партнерство за реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација, рече на прес-конференција во Владата вицепремиерот Николоски.

Тој информира дека соработкат ќе биде во согласност со важечкото законодавство, правилата и националните политики на двете земји.

Покрај најавените проекти во инфраструктурата и здравството ќе се разменуваат знаења и практики во повеќе области.

Николоски најави дека владината делегација во Лондон ќе има средби и со министерите за внатрешни работи и за одбрана на Обединетото Кралство, како и со раководството на „Рајан ер“ од која, како што рече, очекува да произлезат и нови летови кон Скопје.

Клучниот инфраструктурен проект од договорот е изградба и реконструкција на железницата на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, а планирани се и инвестиции за изградба на Медицински факултет во Штип и на студентски дом.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обид за поткуп на судија во Врховниот суд на Грција

Следно

Мицкоски: Очекувам предлог за министер за здравство, кој ќе се проценува според квалификациите

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop