Владата го објави новиот повик за финансирање општински проекти

February 12, 2025
1 min read

Нови 250 милиони евра од унгарскиот кредит од денеска им се достапни на општините. Објавен е вториот оглас, за кои локалните самоуправи до 30 април ќе можат да поднесат проекти, кои сметаат дека им се приоритетни. Министерот за локална самоуправа Перински е оптимист дека парите ќе се потрошат оти во овој повик се отстранети административни проблеми со кои градоначалниците се соочуваа во првиот, а имаат и подолг рок за аплицирање.

Јавноста будно го следи овој процес, преку кој 250 милиони евра кои граѓаните ќе ги враќаат, ќе завршат преку тендери кај приватни градежни компании. Градоначалниците со неколку дилеми – рокот е прекраток за квалитетни проекти, нема доволно градежни фирми во земјава, но и контролен механизам какви проекти ќе се прифатат.

Првиот човек на ЗЕЛС и градоначалик на Кислела Вода Орце Георгиевски не се согласува со неговите колеги.

Проблемот со градежната оператива ќе се надмине ако нема рамка за реализација на проектите, смета Јакимовски, кој тврди дека власта брза поради локалните избори. Министерот Перински вели дека ова не е предизборен поткуп, туку финансиска помош за општините, а смета дека проблемот со оперативата ќе се реши.

Ова е втор сличен повик, откако лани Владата пренамени 150 милиони евра за општински проекти. Пари од новите 250 милиони евра ќе добијат сите општини кои ќе аплицираат, а висината ќе зависи од бројот на жители.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турските дронови Бајрактар ќе се извезуваат во Индонезија

Следно

Разрешени директорите на Агенцијата за администрација и на Агенцијата за квалитет во високото образование

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop