Влада Урошевиќ: Чест ми е што можам да се придружам на врвната плејада поети

August 26, 2023
2 mins read

Tрадиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ, се одржа вечерва во црквата „Св. Софија“ во присуство на претседателот Стево Пендаровски, како и пред бројни гости од земјава и од странство.

Влада Урошевиќ е третиот македонски венцоносец, поет од третата повоена македонска поетска генерација и единствен македонски поет што трипати ја има добиено наградата „Браќа Миладиновци“.

Ја сметам за исклучителна привилегија можноста да ги читам моите песни во овој древен храм. Сводовите на „Света Софија“ охридска ги носат во своето речиси илјадалетно сеќавање спомените на многу јазици, култури, религии. А последниве педесетина  години, благодарение  на  широчината и на толерантноста на Македонската православна црква, на  молитвите упатени кон христијанскиот Творец, искажани на македонски јазик, им се придружуваат, еднаш годишно, во вечерта посветена на носителот на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“,  и  песните на поетите дојдени од сите страни на светот…Ми претставува особена чест што можам да се придружам на врвната плејада поети чијшто глас  останал во меморијата на ова свето здание – истакна лауреатот Урошевиќ.

Своја беседа одржа проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, која истакна дека Урошевиќ е еден од најавтентичните поетски гласови под македонското поетско небо, а и пошироко.

Влада Урошевиќ и самиот е лик-лавиринт, исклучителен интелектуалец-ерудит, чудесно љубопитен, аристократски дух, инспирација и пример за младите генерации, несекојдневна личност што ја обележува не само македонската туку и европската книжевна сцена од втората половина на 20 и првите две децении на 21 век. Поет космополит, еден од најавтентичните и најоригиналните гласови во нашата поезија, претставник на генерацијата современи македонски поети – модернисти, најинвентивната во поглед на поетскиот јазик и израз, генерација што трајно ја определи физиономијата на нашата поезија како „европска појава“. Поезијата на Урошевиќ не е затворена во строго национални рамки, туку е дијалошки свртена кон европското (и светско) културно и цивилизациско наследство. Неговите стихови пулсираат во ритамот на магијата, но и на „заумниот јазик“ на руските футуристи или на „фонетските песни“ на дадаистите, се хранат со архетипските и со алхемичарските симболи, носат траги од онирички, митолошки и ритуално-магиски слики, се напојуваат од научни и од псевдонаучни (алтернативни) сознанија, се препуштаат на тајните, мистични сили на природата во стилот на руските симболисти, создаваат „места на меморија“ (градот, куќата, библиотеката, театарот и музејот се чести топоси кај Урошевиќ) како израз на космогониски чин на средување на светот, но и атмосфера на катастрофичност што управува со урбаниот хаос по углед на германските експресионисти – истакна  Капушевска-Дракулевска.

Традиционалното поетско претставување на годинешниот лауреат заврши со концерт на бендот „Баклава“.

Манифестацијата, која ќе трае до 28 август, се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“, а свеченото затворање ќе се одржи утревечер на Мостот на поезијата.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кочанските доброволни пожарникари по пожарот, со апел до неодговорните кои палат оган на отворено и стрништа

Следно

(ВИДЕО) Пожарот кај Ајватовци е под контрола, но и натаму активен и опасен

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop