(ВИДЕО) Пожарот кај Ајватовци е под контрола, но и натаму активен и опасен

August 26, 2023
1 min read

Во пожарот е зафатена шума на околу сто хектари. Градоначалникот на Општина Илинден се надева на мирна ноќ и најавува дека рано изутрина, ако е потребно, повторно ќе се вклучат хеликоптерите и ер-тракторите, кои инаку не можат да функционираат во ноќни услови

Пожарот кај скопското село Ајватовци, на територија на општина Илинден, е под контрола, но и натаму е опасен и активен поради што пожарникарите и локалното население ќе останат будни преку ноќта, вели градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, во изјава објавена вечерва по 22 часот на фејсбук-профилот на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во пожарот што избувна попладнето, зафатена е шума на околу сто хектари, од кои околу 20-30 хектари борова шума е изгорена.

Пожарот кај Ајватовци, фото: ЦУК

„Имаше критични ситуации во кои беше загрозен манастирот во Ајватовци, дури и селото Ајватовци, но благодарение на несебичните граѓни кои дојдоа да помогнат, но пред се на противпожарната бригада, на ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, кои заедно со хеликоптерите и авионите, помогнаа во гаснењето на овој пожар, колку-толку тој се локализираше и сега е под контрола“,

вели градоначалникот на Општина Илинден.

Тој се надева на мирна ноќ и најавува дека рано изутрина, ако е потребно, повторно ќе се вклучат хеликоптерите и ер-тракторите, кои инаку не можат да функционираат во ноќни услови.

ЦУК вечерва објави и снимка од тоа како огнот од едниот крак на пожарот се движи кон репетиторот над Ајватовски рид.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Влада Урошевиќ: Чест ми е што можам да се придружам на врвната плејада поети

Следно

Пожарот над Ајватовци делумно под контрола

Latest from Blog

Девет месеци по новиот предлог, законот никако да се донесе: Претседателката помилува, новите правила на чекање

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, неодамна, на 2 Август – Илинден, помилува 25 осудени лица, но и годинава тоа беше направено врз основа на законските одредби донесени уште во 1993 година. Новите

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос
Go toTop