Влада: Остануваме партнер на работниците и работодавачите

April 9, 2025
1 min read

Денес претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со министерот за економија и труд, заменик-министерот за економија и труд, државниот секретар во Министерството за финансии и советникот во Кабинетот на претседателот на Владата одржа средба со претставници на синдикатите. Се разговараше за минималната плата, колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите, велат од владината прес-служба.

„Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и поврзан со закон. Имено, согласно закон Владата е обврзана да го определи нивото на минималната плата најдоцна до 31 март. Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог.

Владата останува партнер на работниците и работодавачите и подготвена е на дијалог во секој момент кога тоа ќе биде побарано од страна на страните во процесот“, велат од Влада.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Корупцијата убива, протестите низ Западен Балкан – акцент на дебатата за регионот во Советот на Европа

Следно

Елмас: Пресреќен сум во Торино, но дали ќе останам не зависи само од мене…

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop