Елмас: Пресреќен сум во Торино, но дали ќе останам не зависи само од мене…

April 9, 2025
1 min read

Елиф Елмас долго размислуваше во потрагата по нов клуб откако реши да го напушти Лајпциг, а изборот тоа да биде Торино се покажа како вистински потег за македонскиот репрезентативец.

Тој веќе постигна четири погодоци во дресот на „торинезите“ и е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А во вториот дел од сезоната, привлекувајќи го вниманието и на други италијански клубови кои сакаат да го откупат од Лајпциг на крајот од сезонава. Во најновата изјава за италијанските медиуми Елиф обелодени дека би сакал да остане во Торино, но и потенцираше дека тој самиот не може да донесе таква одлука.

„Сакав по секоја цена да се вратам во Италија, затоа долго размислував и на крајот го избрав Торино, среќен сум од направениот избор. Се враќам во топ-форма, играм подобро на секој нареден натпревар. Пресреќен сум во Торино, имаме одлична група на фудбалери и добар тренер, моја желба е да останам, но дали тоа ќе се случи не зависи само од мене. Клубот ќе треба да најде заеднички јазик со Лајпциг на оваа тема“, изјави Елмас.

Клаузулата за целосен откуп е поставена на 17 милиони евра, но претседателот на Торино, Урбано Каиро, најави дека ќе се обиде да ја намали оваа сума, но и дека преговорите со Лајпциг за Елмас ќе ги стартува дури по завршувањето на оваа сезона.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Влада: Остануваме партнер на работниците и работодавачите

Следно

Цените на становите во Скопје скокнаа за 19,4% на годишно ниво

Latest from Blog

Николоски: Од март „Флајдубаи“ директно ќе лета од Дубаи до Скопје

Од март 2027 година ќе биде воспоставена директна авиолинија меѓу Дубаи и Скопје, а паралелно се водат разговори за директно поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, соопшти

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop