„Вистински хероини кои спасуваат животи низ густиот сообраќаен метеж“ – жените возачи на амбулантните возила во Истанбул

December 15, 2024
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА)

– Хикме ФАРУК БАСЕР

Жените возачи на амбулантните возила во Истанбул се вистински хероини кои секојдневно ги користат своите вештини зад воланот за да ги спасат животите на луѓето, но и ги рушат предрасудите за машката ексклузивност и доминација во оваа работа, јавува Анадолу.

Умухан Коџабај и Дидем Месруоглу се млади жени возачи на амбулантните возила на Брзата помош 112, кои неуморно работат дење и ноќе низ истанбулскиот сообраќаен метеж да ги доведат екипите на брзата помош и пациентите на одредената дестинација.

Нивната задача е да ги искористат своите возачки способности за да возат што е можно побрзо и побезбедно, но во општеството се препознаени како хероини кои ги рушат стереотипите дека таквите работни места се резервирани исклучиво за мажи.

Во интервју со новинарот на Анадолу, Коџабај рече дека од 2007 година работи како медицински техничар во Брзата помош 112, а во последните пет години работи како возач.

„Ја сакам мојата работа. Како жена, чест е да може да им покажеме на луѓето дека сме добри во сите области. Тешко е да се работи оваа работа во истанбулскиот сообраќај, но тоа е работа која бара одредена храброст и самодоверба. Горда сум што работам и како здравствен работник и како возач. Ова покажува колку сте силни, талентирани и вешти“, изјави 37-годишната Коџабај.

Таа истакна дека многу луѓе се чудат кога ќе видат жена возач на амбулантно возило во сообраќајот.

„Посебно изненадени се постарите сограѓани. Има и позитивни и негативни реакции и коментари, но најчесто луѓето се пријателски настроени и нѐ поддржуваат. Луѓето често нѐ поздравуваат во сообраќајот, ни аплаудираат“, рече Коџабај.

И нејзиното семејство на почетокот било загрижено и за тоа како ќе се снајде зад воланот на амбулантното возило во сообраќајниот метеж во Истанбул и со притисокот од сознанието дека вози пациенти чии животи зависат од навремена интервенција.

„Се плашеа на почетокот, но мајка ми секогаш ми беше најголема поддршка. Посакувам да има повеќе жени во оваа работа. Верувам дека ние жените можеме да работиме на сите полиња“, рече Коџабај.

Таа веќе пет години е зад воланот на амбулантните возила во Истанбул, а 29-годишната Месруоглу изјави дека од 2019 година работи во Истанбул како возач на амбулантно возило.

Таа за АА изјави дека уште од детството сакала да стане здравствен работник, а подоцна и развила љубов кон возењето и дека со среќна комбинација го остварила својот сон и се занимава со работата што ја сака.

„Да се ​​биде жена возач на амбулантно возило е посебно чувство. Луѓето реагираат кога ќе нè видат, повеќето нè поздравуваат и охрабруваат, но има и такви кои ни велат дека ова не е работа за жени“, рече Месруоглу.

Нагласувајќи дека не се оптоварува многу со негативните коментари, Месруоглу рече дека се концентрира на својата работа и на тоа како навремено да стигне до целта во густиот сообраќај.

„Спасувањето животи е многу хумана работа со која треба да се гордееме и многу е убаво чувството да се работи тоа. Нема зборови да се опише. На сите млади жени им препорачувам да станат возачи на амбулантни возила“, рече Месруоглу.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Сведоците зборувајќи за прв пат за масакрите на режимот на Асад во Банијас, АА ги сними трагите на бруталноста

Следно

Се укинува забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража

Latest from Blog

Редарите на „Енфилд“ спречија најсрамна сцена: Симеоне тргна во пресметка со навивачите (ВИДЕО)

Сјаен натпревар во рамките на 1. коло од Лигата на шампионите на „Енфилд“ одиграа екипите на Ливерпул и Атлетико Мадрид. Токму кога помисливме дека по петте постигнати голови и драматичната завршница на

Чудото Пафос, голеада во Прага за реми!

Фото: Славија Прага Х Олимпијакос не ја оправда фаворитската улога против дебитантот во Лигата на шампиони, Пафос, откако во Атина одиграа без голови 0-0. Колку беше немоќен грчкиот тим говори и фактот

Пронајдени шест деца заклучени во магацин во Милвоки

Шест деца, меѓу кои и едно двомесечно бебе, беа пронајдени заклучени во магацин во Милвоки, најнаселениот град во американската држава Висконсин. Полицијата реагирала откако добила пријави за деца заклучени во магацин. На

Зеленски: Ракети за западните ПВО системи ќе бидат дел од првата испорака во рамките на механизмот на НАТО за купување оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ракети за западните системи за воздушна одбрана ќе бидат дел од првичните испораки на американско оружје што ќе го платат земјите од НАТО во рамките
Go toTop