БАНИЈАС (АА)
– Ешреф МУСА
Додека сведоците за првпат зборуваа за она што го доживеале во масакрот што го изврши режимот на Башар Асад убивајќи 248 цивили во селото Бејда во областа Банијас во Тартус, Сирија, камерите на АА ги снимија трагите од инцидентот од пред 11 години, пишува Анадолу.
Во граѓанската војна што изби кога режимот на Асад се обиде со употреба на насилство во 2011 година да ги потисне народните движења кои бараат слобода, режимот изврши еден од најголемите масакри во селото Бејда во областа Банијас.
На 2 мај 2013 година, силите на соборениот режим, вклучувајќи ги силите Шабиха, армијата, разузнавањето, Канцеларијата за политика и безбедност и безбедносните институции како воената полиција, го опколија селото Бејда.
Режимските сили влегле во селото и прво ги собрале цивилите на плоштадот.
Додека мажите биле селектирани и сместени во мала продавница за телефони, жените и децата биле затворени во неколку куќи кои гледале кон селскиот плоштад.
Режимските сили ги убиле преплашените цивили, пукале кон нив и ги запалиле местата во кои се наоѓале.
Масакрот што започна во селото на 2 мај продолжи и на 3 мај, претресувајќи ги сите куќи една по една и секој кој бил пронајден бил убиен. Опсадата ја преживеале само оние кои на време ја сфатиле ситуацијата и успеале да избегаат.
Во масакрот во кој биле убиени вкупно 248 цивили, силите на режимот користеле брутални методи на убивање кои ви ја смрзнуваат крвта, како што е врзување на селаните за возила насочени во спротивни насоки и нивно распарчување.
Режимските сили, сакајќи да ги обвинат опозициските сили за масакрот, го принудиле шеикот Омар, најистакнатата личност во селото, да даде лажно сведочење пред камера.
Кога тој одбил, силите на режимот го убиле шеикот Омар и неговото семејство.
Масакрот во Банијас од меѓународните академски кругови и експертите за теренски истражувања беше оценет како „стратегија на режимот да ја испровоцира опозицијата и да ги претвори настаните во секташка војна, со што сака да ги обедини сопствените поддржувачи околу режимот со нагон за опстанок“.
Во интервјуата што дописникот на АА ги направи со селаните, се забележува дека стравот и тишината што владее во селото по масакрот, иако е намалена, сѐ уште продолжува да владее и на многу луѓе им е тешко да поверуваат дека режимот е соборен. Населението само што почнале да закрепнуваат од притисокот.
Сведоците на масакрот зборуваа за прв пат по соборувањето на режимот. АА ги сними и куќите во кои силите на режимот собрале цивилите, ги убиле и ги запалиле.
– Прашаа „Дали да те убиеме тебе или твојот син?“
Абдусетар Халил, еден од очевидците на масакрот, изјави дека бил сведок на многу сцени од бруталноста на режимот и додаде:
„Мојата свршеница и нејзиното семејство беа убиени. Две млади момчиња, две деца, три девојчиња од семејството и мајката и таткото беа убиени. Масакрот се случи во мај 2013 година. Во селото беше извршена рација бидејќи се спротивстави на режимот на Асад. Егзекуцијата беше извршена на отворено“.
Халил, кој ги смета Шабиха и војската одговорни за егзекуциите, најболниот момент што го доживеал го раскажа со зборовите:
„Имаше 6-месечно бебе кое почна да плаче од вревата и истрелите. На мајката ѝ рекоа да го смири бебето. ‘Ако ти не можеш да го смириш, ние ќе го направиме тоа’ и го убија детето. Бев и сведок кога прашаа:
„‘Да те убиеме тебе или твојот син?’. Двапати прашаа. Кога човекот им рече ‘Оставете го него, мене убијте ме’, пред неговите очи го убија синот.“
Халил истакна дека силите на режимот ги собрале цивили во одредена област и ги масакрирале, а телата ги закопале во масовни гробници.
„Нашата религија е религија на толеранција и љубов. Сакаме новата влада да им суди на убијците. Сакаме да се држат настрана од индивидуалните обиди за одмазда што би создале хаос“, рече Халил.
– „Колку злосторства има на светот, сите ги извршија“
Хасан Јахја Бајаси, жител на селото Бејда, зборувајќи за продавницата за телефони во која беше масакрирана првата група, го истакна следното:
„Колку злосторства има на светот, сите ги извршија, од убивање до палење, од егзекуција со нож до сечење глави. Во селото извршија страшни злосторства.“
Нагласувајќи дека во масакрот брутално биле убиени 23 негови роднини, меѓу кои имало и деца, Бајаси продолжи со зборовите: „Го запалија селото пред нашите очи. Трагите од пожарот сѐ уште се видливи“.
Бајаси за масакрот ги обвини силите на режимот и Хилал Асад, братучед на Башар ал Асад, соборениот лидер на режимот Баас, и го вниманието го насочи кон фактот дека најмалку по едно лице од секоја куќа во селото е убиено во овој масакр.
„Тие го зедоа шеикот Омар (еден од селските водачи). Нему, на неговата сопруга и неговиот син им рекоа: ‘Ќе зборувате што ќе ви го кажеме’. Но Омар рекол ‘Јас ја зборувам само вистината’. Откако не го направи тоа што го бараа од него, го убија него, сопругата и синот“, рече Бајаси.
Зборувајќи дека за тоа што се случи треба да одговара и Махир, братот на убиецот Башар Асад, Бајаси рече: „Ваков масакр не е извршен ниту во Босна и Херцеговина. Семејството Асад стори нешто многу пострашно“.
– Режимските сили дојдоа 2 месеци подоцна и извршија уште еден масакр
По злосторствата во селото Бејда во мај, режимските сили го нападнаа селото по втор пат на 20 јули 2013 година, насочувајќи се кон семејството Фетух.
Единиците на Шахиба упаднале во куќата на семејството Фетух и 17 лица од 4 семејства ги ставија во една соба од куќата, каде ги убиле.
При заминувањето, единиците на Шахиба ја запалиле куќата.
Аднан Фетух, еден од семејните старешини, кој со болка ги опиша тие денови и ја покажа запалената куќа, изјави дека не го заборавил доживеаното и побара на виновниците да им се суди во Бејда.
Раша Фетух, која била во четврто одделение кога се случил масакрот, изјави дека го избегнала масакрот бидејќи на 20 јули, и покрај инсистирањето на нејзиното семејство, не отишла во селото и останала во областа Банијас.
Таа рече дека кога режимските сили на сите оние што успеале да избегаат од селото за време на првиот масакр им испратиле порака во која навеле дека селото сега е безбедно, нејзините родители поверувале и се вратиле во селото, каде биле масакрирани.
– Името на терористичкиот водач Михрач Урал се споменува и во масакрот во Банијас
Терористичкиот водач Михрач Урал, кој воспостави контрола врз регионите Кесеб и Басит во Латакија со милицијата (Шебиха) која му била лојална, исто така учествувал во масакрот во Банијас.
Урал имал улога и во бомбашките напади во Рејханли, во турската област Хатај на 11 мај 2013 година, во кои животот го загубија 52 граѓани.
Извор: Anadolu Agency (AA)