Висок генерал предупредува: Германската армија не е во состојба добро да ја брани земјата

January 31, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Началникот на одбраната на Германија предупреди дека вооружените сили на земјата не се во состојба добро да ја бранат земјата во случај на странски напад, јавува Анадолу.

Говорејќи на конференцијата „Безбедност и одбрана 2024“ на „Ханделсблат“, генералот Карстен Бреуер нагласи дека на германските вооружени сили им се потребни нови способности и оружје за да станат повторно „способни за војна“.

„Ова прашање се поставува многу често, па дозволете ми да кажам вака. Ако сега нѐ нападнат, дали би можеле да се одбраниме? Да, би можеле. Но дали можеме да го направиме тоа добро? Не, не можеме“, им рече Бреуер на учесниците на конференцијата.

Тој истакна дека со најновите договори за набавки Германските вооружени сили ќе можат да го затворат јазот меѓу расположливото оружје и потребните воени капацитети.

„Веројатно ќе можеме да го премостиме овој јаз за две до три години, во секој случај, тоа ќе биде за помалку од пет или осум години“, додаде тој.

Германија реши масовно да го зголеми трошењето за одбраната по руско-украинската војна и формира специјален фонд од 100 милијарди евра за купување напредни системи за оружје и модернизација на вооружените сили на земјата.

Како дел од планот, Владата веќе склучи неколку договори, меѓу кои и за купување на борбените стелт-авиони Ф-35 од САД, транспортни хеликоптери Чинук и израелскиот одбранбен противракетен систем Стрела-3.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Полиграф“: Некритичкото пренесување на изјави од руски пропагандисти ја дезинформира публиката

Следно

Екстремен студ од -31 степен е измерен во североисточна Туркије

Latest from Blog

Коњановски: Директниот контакт со граѓаните е клучен за подобри социјални услуги

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека присуствувал на настанот „Мобилни социјални пунктови“, организиран од Советот за социјална заштита на Општина Битола во соработка со здруженија на граѓани од градот. Според

Неделен преглед на Македонската берза: Над 76 милиони денари промет и пад на водечките акции

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 06.07.2026 до 10.07.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 76.754.333,27 денари, од кои

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни
Go toTop