Винисиус го исполни ветувањето! Сега чека подарок од Дон Карло

June 25, 2026
1 min read
фото: RMFCTeam (X)

Бразил како првопласиран во групата Ц ја заврши првата фаза од СП. По воведниот нерешен резултат против Мароко, Бразилците ги победија селекциите на Хаити и Шкотска, а асот на Реал Мадрид, Винисиус, беше стрелец за „Селесао“ на сите три натпревари.
Вини постигна вкупно четири гола и го дели второто место со Мбапе и Халанд на листата на стрелци зад Меси, кој беше единствениот што успеа да постигне пет гола.
Синоќа тој постигна гол со глава во убедливата победа на Бразил од 3:0 над Шкотите, што е некарактеристично за него, и откри дека му дал такво ветување на тренерот Карло Анчелоти пред натпреварот, и дека очекува подарок за тоа.
„Му ветив на тренерот дека ќе постигнам гол со глава. Ми рече дека е речиси невозможно и дека ќе ми даде подарок ако успеам. Го чекам“, рече веселиот Винисиус.
Во првата елиминациска рунда, Бразил ќе игра против второпласираниот од групата Ф, кој би можел да биде Холандија, Јапонија или Шведска.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЕ МЕНУВААТ ЛИ ГРАНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА – Романија отвори процес за обединување со Молдавија!

Следно

Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop