Викторија Трајков во дводневна работна посета на Будимпешта

November 17, 2024
1 min read

Заменик министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, доц. д-р Викторија Трајков од денес ќе биде во дводневна работна посета на Будимпешта, каде што ќе има повеќе активности насочени кон унапредување на политичката, економската и образовната соработка меѓу Република Македонија и Унгарија.

Оваа посета е дел од заложбите за зацврстување на билатералните односи со земјите-членки на Европската Унија и за засилување на поддршката што Македонија ја добива во процесот на европска интеграција во Унгарското претседателство со ЕУ.

Доц. д-р Трајков ќе одржи и предавање пред студентите на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта, кој важи за еден од најпрестижните универзитети во Европа и моментално е рангиран на 52-то место во светски рамки.

Темата на предавањето ќе биде посветена на европската иднина на Македонија, предизвиците со кои се соочува земјата во процесот на интеграција. Оваа можност е особено значајна, бидејќи ќе им овозможи на студентите во Унгарија одблиску да се запознаат со перспективите на нашата држава и нејзините заложби за европскиот напредок. Преку ова предавање, доц. д-р Трајков има за цел да ги зајакне врските со академската заедница во Унгарија и да ја промовира нашата земја како активен учесник во европските иницијативи и процеси.

Во рамките на посетата, заменик министерката Трајков ќе се сретне и со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока.

Покрај ова, доц. д-р Трајков предвидено е да се сретне и со претставници на Фондацијата за граѓанска Унгарија, која е партиска фондација на ФИДЕС, водечката политичка партија во Унгарија. Фондацијата за граѓанска Унгарија има значително искуство во развивање на иницијативи кои ги охрабруваат младите и ги поддржуваат европските вредности и таа соработка може да придонесе за зголемено учество на граѓанските организации од нашата земја во заедничките европски програми и проекти.

Како дел од работната посета во Будимпешта заменик министерката Трајков ќе се сретне и со Петер Старај, државен секретар за безбедносни прашања во унгарското Министерство за надворешни работи.

Предвидени се и средби со македонската дијаспора во Будимпешта како и значајни личности од општествениот и политичкиот живот кои се од взаемно значење за двете земји.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Си вети дека ќе работи со владата на Трамп во неговиот последен разговор со Бајден

Следно

Андонис Самарас исклучен од Нова демократија

Latest from Blog

Ќе се обележат околу 150 „црни“ точки на скопските улици, најави Ѓорѓиевски

Околу 150 „црни“ точки ќе бидат обезбедени за поголема безбедност во сообраќајот на улиците, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање. Тој беше прашан во врска со

Берзата денес во рамнотежа: Ограничени ценовни движења и стабилен пазарен тренд

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 5 февруари 2026 година, индексот МБИ10 остана непроменет на 10.162,78 поени, додека ОМБ исто

Берзата денес во рамнотежа: Ограничени ценовни движења и стабилен пазарен тренд

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 5 февруари 2026 година, индексот МБИ10 остана непроменет на 10.162,78 поени, додека ОМБ исто

Проданоски оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција, г-ѓа Деспина Ипиоти, посветена на можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, со посебен
Go toTop