Виенската полиција посочува дека е изгубено многу време од појавувањето на снимката со девојчето

April 1, 2024
1 min read

Во седмиот ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ во истрагата се вклучи и австриската полиција, откако се појави видео снимка од пред два дена на кое се гледаат две жени со девојче која личи на Данка Илиќ.

Од виенската полиција посочија дека имаат проблем поради тоа што е изгубено многу време од снимањето на девојчето до доставувањето на снимката до нив и дека трагата веќе е застарена, јави дописникот на МИА од Белград

Интерпол распиша жолта потерница, а криминалистичката служба на покраината Виена на барање на српската полиција вчера започна истрага по што е испрашан државјанинот на Србија кој го снимил девојчето кое личи на исчезнатата Данка со двете романски државјанки.

Портпаролот на виенската полиција Маркус Дитрих изјавил, како што пренесува РТС, дека проблем е начинот на кој снимката со девојчето дошла до нив и дека поради тоа се изгубило многу време.

-Сведокот го испрати видеото по електронска пошта до српската полиција, па српската полиција ја контактираше австриската полиција. Изгубено е многу време, околу 10 часа, ја пренесува РТС информацијата од полицијата во Виена.

Од таму соопштија дека истрагата е во тек и дека не можат да соопштат детали.

-Немаат премногу детали… Има видео за настанот што се случи во саботата попладне на трамвајската станица и се обидуваат да ги најдат тие две жени, што се надеваме дека ќе се случи, доколку тие се уште се во Виена и ако веќе не заминале во Унгарија или во Романија, пренесе репортерот на РТС, додавајќи дека проблемот е во тоа што трагата, ако е трага, таа е веќе доста „ладна“.

Српскиот амбасадор во Виена изјави дека е задоволен од соработката со виенската полиција. Од таму апелираа до граѓаните доколку ја препознаат исчезнатата Данка Илиќ на територијата на Австрија веднаш да ја известат српската или австриската полиција.

Во Бањско поле и Бор од каде изчезна девојчето денес нема толкав голем број на полициски сили, а се пребаруваше депонијата.

МВР на Србија работи на расветлување на околностите поврзани со видеото кое се појави од Виена, кое како што беше речено, е една од многуте траги на кои работат властите, а особено на трагата дека малечката Данка можеби веќе е во некоја од земјите на ЕУ, поради што беа проверени најблиските гранични премини со Романија и Бугарија.

Јавноста се уште чека прецизни информации од истрагата, а се верува дека одреден одговор ќе даде и нарачаното вештачење на телефонот на мајката на Данка и избришаните пораки, како и повеќето нејзини профила на социјланите мрежи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тетовчани ќе плаќаат помалку за смет и вода

Следно

„Израел ја претвори болницата во куќа на смртта“, рече норвешки лекар кој 16 години работел во Шифа

Latest from Blog

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на
Go toTop