(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за целосна амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април

February 3, 2023
1 min read

Пратениците од опозициската партија ги повикаа своите колеги од владејачкото мнозинство да го поддржат законот. Доколку не го сторат тоа, ќе покажат и докажат дека, како што рече Мицевски, „за нив селективноста е на прво место, а владеењето на правото и правдата ги нема никаде“

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесе предлог-закон за целосна амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година. Како што посочи координаторот на пратеничката група на опозициската партија на прес-конференција во Собранието, овој закон е резултат на иницијативата и заедничката заложба на адвокатите Јанаки Митрески и Драган Пешевски и целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

„Многу е важно да се напомене дека овој предлог е само продолжение на претходниот закон за амнестија, кој е донесен во декември 2018 година, но со една голема и суштинска исправка, а тоа е надминување на селективноста и селективната правда што произлегуваше од законот донесен во 2018 година“,

истакна Мицевски.

Со овој закон, нагласи тој, ќе бидат опфатени сите осудени лица за настаните од 27 април без исклучок.

Пратениците од опозициската партија ги повикаа своите колеги од владејачкото мнозинство да го поддржат законот. Доколку не го сторат тоа, ќе покажат и докажат дека, како што рече Мицевски, „за нив селективноста е на прво место, а владеењето на правото и правдата ги нема никаде“.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, истакна дека дале поддршка на адвокатите двата процеси да одат паралелно, односно да се чека одлуката од Врховниот суд по барањето за вонредно преиспитување на пресудата и носење на закон за амнестија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

На Јувентус му се заканува нова преселба во Серија Б

Следно

Чавушоглу: „Затворањето на конзулатите на некои западни земји е смислен потег“

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop