(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Случај „Незаконски увоз на никотински кесички“ – проблемот државен, одговорноста кај службеник

1 min read

Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (26 октомври 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1

Во ова издание објавуваме:

– Анкета меѓу средношколци ја потврдува популарноста на никотинските кесички кои, и да се легално увезени, не треба да се достапни за малолетници; Во Државниот инспекторат за земјоделство се утврдува одговорноста на оние што незаконски дозволиле влез на кесичките во земјава;

– Северна Македонија е 39. од 41 рангирана држава во Европа по медиумска писменост; Се прават пионерски обиди нешто да се смени;

– Обвинувања дека лично градоначалникот Курто Дудуш гради на диво во Шуто Оризари и тоа не на една локација; Дудуш рамнодушно враќа дека дивоградбите се вообичаена работа во неговата општина;

– Случај „Рудници Иловица-Штука“: Разлики меѓу мештаните и инвеститорот, но и во Владата – меѓу ресорите Економија (Крешник Бектеши) и Животна средина (Каја Шукова);

– „Саботажа“.

Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Роберт Милошески, прв Австралиец со македонско потекло, избран за советник во Равенсторп

Следно

Расте бројот на разводи – само во Скопје во еден ден 30-40 предмети за развод

Latest from Blog