На снимката се гледа како четворица членови на платеничката воена група „Вагнер“ го носат својот командант меѓу уништените куќи, држејќи му ги рацете и нозете. Потоа го фрлаат неговото тело до шталата. Во продолжението на видеото се гледа како тројца мажи со лопати го удираат ранетиот командант
Украинците објавија видео на кое наводно се гледа како војници на групата „Вагнер“ го влечат својот тешко ранет командант надвор од бојното поле, а потоа насилно го тепаат со лопати. Украински дрон го снимил инцидентот во близина на градот Бахмут на истокот на земјата, каде што со месеци се водат жестоки борби.
На снимката се гледа како четворица членови на платеничката воена група „Вагнер“ го носат својот командант меѓу уништените куќи, држејќи му ги рацете и нозете. Потоа го фрлаат неговото тело до шталата. Во продолжението на видеото се гледа како тројца мажи со лопати го удираат ранетиот командант, пишува „Гардијан“. На социјалните мрежи се појавија шпекулации дека вагнеровците всушност го удираат командантот со секири.
Засега не е позната судбината на ранетиот командант. Меѓутоа, ако снимката е веродостојна, тоа би било јасен доказ за тврдењата за низок морал меѓу руските платенички единици. Украинците тврдат дека снимката е направена со дрон што го користел специјалниот одред Сенека.
Украинските војници кои го бранат Бахмут претходно опишаа како вагнеровците „во бранови“ го напаѓаат градот. Исто така, се појавија информации дека на припадниците на групата „Вагнер“ им се заканувало погубување доколку не постигнат задоволителен територијален напредок.
Извор: 360stepeni.mk