ФФМ: Бевме сведоци на срамен чин – ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот

April 27, 2025
1 min read

На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар, велат од ФФМ во соопштение.

„ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот.

Наместо спортски да се борат до последниот свиреж, ФК Гостивар реши да избега од реалноста и вината за својата очајна постапка да ја префрли врз судиите. 

Вистината е документирана: во официјалниот записник е наведено дека уште предвреме претставник на ФК Гостивар ги известил судиите дека екипата ќе се повлече доколку резултатот не биде во нивна корист.

Овој чин е смислен и намерен обид на одредени поединци кои поради финансиски побуди и неисполнети очекувања, избираат на најгруб начин да ја манипулираат јавноста и да ја деградираат фудбалската сцена.

Очигледно е дека последните одлуки на Управниот одбор на ФФМ во кои јасно беше најавено расчистување со криминалот и корупцијата во македонскиот фудбал се директна причина за оваа срамна постапка.

Тие кои со години беа навикнати на привилегии, денес, кога владеат правилниците, транспарентноста и фер-плејот, не можат да функционираат во регуларен систем.

И покрај оваа неодговорна и кукавичка постапка, ја уверуваме јавноста дека регуларноста на Прва МФЛ нема да биде нарушена. Првенството ќе продолжи по правилата и прописите од натпреварувањето.

Криминалните структури и нечистотијата во фудбалот ќе бидат целосно исчистени. 

Фудбалската федерација на Македонија нема да дозволи уцени и притисоци.

Напротив – ФФМ ќе излезе уште посилна од овие координирани подземни постапки што интензивно се случуваат во последните денови.

Воска и Гостивар нема да бидат тие што ќе го валкаат македонскиот фудбал. Тие не го создале овој фудбал за да имаат право да го уништуваат. Секако, ќе завршат таму каде што навистина заслужуваат. 

Нашата борба за чист фудбал нема враќање назад. Одиме до крај за регуларен, чесен и достоинствен македонски фудбал!“ – се вели во соопштението на ФФМ.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

И Македонија била тема на средбата Кошта-Жељасков

Следно

Дарио Ивановски победник на полумаратонот во Дубровник

Latest from Blog

ФИЦО ПРЕЖИВЕА И ГЛАСАЊЕ ПО АТЕНТАТОТ: Словачкиот парламент изгласа доверба на владата

Словачката влада доби гласање за доверба во парламентот, кое беше предизвикано од тоа што долгот на земјата ги надмина фискалните ограничувања утврдени со Уставот. Сите 78 пратеници лојални на трипартитната коалициска влада

Се огласи бугарска амбасада во Скопје: Да не се блокираат границите, а бугарските организации во Македонија да не се означуваат како антимакедонски

Амбасадата на Бугарија во Скопје се огласи за најавената блокада на трите гранични премини со Македонија од бугарската фондација „Македонија“, барајќи бугарски организации да не се означуваат како антимакедонски. „Им обрнуваме внимание

ВЛЕН: ДУИ не го поддржа унапредувањето на Универзитетот „Мајка Тереза“

Коалицијата ВЛЕН обвини дека пратениците на ДУИ не ги поддржале измените и дополнувањата на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, кои денеска беа усвоени во Собранието. Според ВЛЕН, со усвоените измени
Go toTop