(ВИДЕО) Циклонот Габриел се оддалечи од Нов Зеланд, зад себе остави поплавени куќи, има и мртви

February 15, 2023
2 mins read

Од жителите на тешко погодените области сега се бара да штедат вода и храна поради стравувањата од недостиг откако Нов Зеланд прогласи национална вонредна состојба поради циклонот, трет пат во својата историја

Фото: EPA-EFE/NEW ZEALAND POLICE HANDOUT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT HANDOUT

Циклонот Габриел денеска ослабе и се оддалечи од Нов Зеланд додека земјата почна да ги проценува штетите предизвикани од поројните поплави, одроните од кал и силните ветрови во кои загинаа три лица, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови.

Габриел, циклонот што стигна до Нов Зеланд во неделата пред да се пресели по источниот брег на Северниот Остров, отсече цели градови, однесе фарми, мостови и добиток и потопи куќи, пренесоа светските агенции.

„За среќа, поминавме низ најлошото невреме, но сè уште не сме надвор од опасност“,

рече министерот за управување со вонредни состојби Киеран МекАнулти, за време на брифингот за медиумите.

„Ова е значајна катастрофа и ќе бидат потребни неколку недели за да се опорават оние области кои се најпогодени… Во ова сме на долг рок“,

рече министерот.

Од жителите на тешко погодените области сега се бара да штедат вода и храна поради стравувањата од недостиг откако Нов Зеланд прогласи национална вонредна состојба поради циклонот, трет пат во својата историја.

Делови од новозеландскиот Северен Остров, дом на околу 75 отсто од петте милиони жители на земјата, ја доживуваат втората голема бура во последните недели. Рекордните дождови минатиот месец предизвикаа поројни поплави, а четири лица го загубија животот.

Екипите за итни случаи вчера пронајдоа тело за кое се верува дека е тело на доброволец пожарникар кој исчезна од неделата вечер по лизгање на земјиштето на плажа во близина на најголемиот град во земјата, Окленд, соопштија властите. Потврдено е дека уште две лица се мртви во заливот Хок, регион на источниот брег на Северниот Остров. Властите проценуваат дека досега се раселени повеќе од 10 000 луѓе.

Хеликоптери ги превезуваа луѓето кои беа заглавени на покривите на безбедно, додека воените авиони ќе се користат за испорака на основните материјали во изолираните градови, рече МекАнулти.

Метеоролошката служба соопшти дека циклонот Габриел сега се наоѓа на исток од земјата и продолжува да ја следи подалеку од Северниот Остров и времето сега се подобрува. Сепак, реките во заливот Хок остануваат ризик и локалната управа за вонредни состојби нареди понатамошна евакуација рано денеска. Околу 225 000 клиенти низ островот останаа без струја, што го отежнува чистењето.

Силни ветрови и обилни дождови го погодија Северниот Остров, дом на повеќе од три четвртини од петте милиони жители на земјата, ноќта меѓу понеделникот кон вторникот, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето.

Премиерот Крис Хипкинс го нарече Габриел „најзначајниот временски настан што се случи во Нов Зеланд овој век“, а беше прогласена национална вонредна состојба на една недела.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

СП за клубови за оваа године ќе се игра во Саудиска Арабија од 12 до 22 декември

Следно

Зеленски: Ситуацијата на источниот фронт е исклучително тешка

Latest from Blog

Атанасовска во Аргумент плус: Проблемот со платите во култура е ист секоја година

Претседателката на Синдикатот на културни работници, Вера Атанасовска во Аргумент плус рече дека, проблемот со платите во културата е ист секоја година поради усогласувањето со зголемената минималната плата. Според неа, сега платите

Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски, осомничен за перење пари

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку

Погребот на папата Франциск во сабота

Во сабота во 10 часот ќе почне погребот на папата Франциск. Десетици кардинали од целиот свет итно се сретна во Рим каде беа договорени деталите за последното испраќање на поглаварот на римокатоличката

Асмир Јахоски останува во притвор, Кривичниот совет го одби неговото барање да биде пуштен

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Асмир Јахоски, осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен

Судот го одби барањето на Јахоски за замена на притворот со гаранција

Кривичниот совет при Одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот кривичен суд Скопје, по разгледување на предлогот поднесен од осомничениот А.Ј. преку неговиот бранител – за замена на мерката притвор
Go toTop