(ВИДЕО) Снежни виулици, сообраќајни блокади и ниски температури – невремето „Барбара“ ја погоди Грција

February 5, 2023
1 min read

Вонредна состојба е прогласена во Централна Евија каде невремето прави проблеми особено во областа на планината Дирфис. Во регионот Фтиотида во Централна Грција во тек е справувањето со мразот на патиштата, а за тоа се користи тешка механизација

Грчкиот регионот Пелопонез, особено делот кај Атика се погодени од т.н. студен временски фронт „Барбара“ проследен со силни снежни врнежи. Невремето почна синоќа и сè уште трае што го отежна и поморскиот сообраќај, а редовните линии на бродовите се во прекин на пристаништата Пиреја, Рафина и Лаврио.

Полицијата денеска напладне го забрани сообраќајот во некои предградија на Атина. Во префектурата Атика сообраќајната полиција апелираше возачите задолжително да користат зимска опрема за своите возила, а на афтопатиштата забрането е движење за тешки товарни возила.

Државните институции со свои екипи се постојано на терен. Полицијата, противпожарните бригади, вооружените сили, цивилната заштита, како и регионалните и градските власти поставија патроли за да им помагаат на граѓаните каде што има потреба за тоа.

Вонредна состојба е прогласена во Централна Евија каде невремето прави проблеми особено во областа на планината Дирфис. Во регионот Фтиотида во Централна Грција во тек е справувањето со мразот на патиштата, а за тоа се користи тешка механизација.

„Изминатата ноќ беше интензивна поради мразот, но временските феномени стануваат се поинтензивни од рано утрово“,

изјави за АНА-МПА заменик-регионалниот директор Елиас Санидас.

Најавено е дека училиштата и градинките во Атика ќе бидат затворени во следните неколку денови.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПО ШЕСТ ГОДИНИ, НОВИОТ РОМАН НА МУРАКАМИ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА 13 АПРИЛ

Следно

Петков условува: Доколку Македонија сака европска иднина НЕМА ДРУГ ИЗБОР освен да почне да работи на позитивни теми со Бугарија

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop