(ВИДЕО) Смртоносни пожари во Чиле: Прогласена национална жалост

February 5, 2024
1 min read

Расте бројот на загинати и исчезнати лица во пожарите кои го зафатија Чиле. Според последните податоци од чилеанската медицинска служба во пожарите загинале повеќе од 112 лица, но се стравува дека бројот би можело да биде поголем.

Уништени се над 1.000 домови, изгореа два автобуски терминала и повеќе од 8.000 хектари земја. 19 хеликоптери, стотици пожарникари и локалното население се борат со огнената стихија.

Најпогоден регион е Валпараисо во кој живеат, речиси, еден милион жители. Драматична е состојбата и околу туристичкиот регион Вина дел Мар.

Претседателот на Чиле прогласи вонредна состојба, додека Националната служба за превенција и реагирање на катастрофи издаде црвено предупредување и побара евакуација на шест општини.

Чилеанските власти воведоа полициски час во најтешко погодените области и ја испратија војската да им помогне на пожарникарите да се борат со пожарот.

Во однос на бројот на жртви, овие пожари ја претставуваат најголемата катастрофа во Чиле од земјотресот во 2010 година, во кој загинаа околу 500 луѓе.

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Австралиски академик доби условна смртна казна од Кина

Следно

Ристески: Недозволиво е да се намалуваат платите во ФЗОМ, а да се вработуваат нови кадри

Latest from Blog

Коњановски: Директниот контакт со граѓаните е клучен за подобри социјални услуги

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека присуствувал на настанот „Мобилни социјални пунктови“, организиран од Советот за социјална заштита на Општина Битола во соработка со здруженија на граѓани од градот. Според

Неделен преглед на Македонската берза: Над 76 милиони денари промет и пад на водечките акции

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 06.07.2026 до 10.07.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 76.754.333,27 денари, од кои

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни
Go toTop