(ВИДЕО) Се урнаа дел од зграда и скеле во центарот на Загреб

May 2, 2023
1 min read

Станува збор за објект каде се наоѓа Музејот на уметноста и занаети, кој се реконструира по последиците од земјотресот

24sata.hr / Принтскрин

Се урнаа дел од зграда и скеле во центарот на Загреб. Инцидентот се случи на аголот од Клаиќева улица и плоштадот „Република Хрватска“.

Според првичните информации нема повредени лица, а оштетени се автомобили кои биле паркирани непосредно покрај зградата.

Станува збор за објект каде се наоѓа Музејот на уметноста и занаети, кој се реконструира по последиците од земјотресот.

Директорот на Музејот, Мирослав Гашпаровиќ, изјави дека сè уште не се знае што се случило и оти последен пат бил на тоа место во петокот и се изгледало дека е под контрола.

„Тоа е ризик кај овие стари згради. Дали имало пропуст или не, не знам, тоа ќе мора допрва да се утврди“,

вели директорот.

Веднаш по инцидентот на терен излегле пожарникари, а местото е обезбедено и надлежните екипи сè уште се на терен.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Евакуација на цивилите од украинскиот округ Покровск

Следно

Барселона под истрага, во која лига ќе игра следната сезона?

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop